Систематско уништување на Македонците во егејскиот дел на Македонија

Масовните апсења, прогони и интернирања на Македонците по островите, се интензивираат со воспоставувањето на Метаксовата диктатура во август 1936 година. Од тогаш до денес, се менувале политичките гарнитури во Грција, но ниту една не го сменила својот став по однос на македонското прашање. Масовните апсења, прогони и интернирања на Македонците по островите, се интензивираат со воспоставувањето на Метаксовата диктатура во август 1936 година. Од тогаш до денес, се менувале политичките гарнитури во Грција, но ниту една не го сменила својот став по однос на македонското прашање. Сепак, и покрај сите искушенија и маки низ кој поминал македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија, тој никогаш не престанал да го употребува својот мајчин јаик. Залудни се и денешните обиди на актуелната грчка власт да го избрише македонскиот корен, македонскиот идентитет.
По Првата светска војна, во периодот од 1918 до 1928 година, од Егејскиот дел на Македонија масовно биле иселувани Македонци и Турци, а биле населени околу 650.000 емигранти Грци од Мала Азија, Понд, Кавказ, Тракија, СССР и балканските земји. Поголемиот дел од нив, околу 427.000  биле сместени по селата во Егејска Македонија.
 Притисокот кој го вршел грчкиот воено-цивилен апарат воспоставен во окупираните делови на Егејска Македонија, станува неподнослив. Маките на Македонците ги опишуваат членовите на месната организација на ВМРО (Об) во Ениџе-Вардар: Стојан Турикис, Чипкас и Лесвас. Во писмото од 5 март 1936 година, испратено во име на ВМРО (Об) до политичкиот весникот на КПГ „Ризоспастис“, тие бараат од редакцијата како единствен весник кој ги поткрепувал секогаш националните малцинства да ги заштити со својот глас  (Документи, Том втори, Скопје 1981, стр. 255). Во писмото, тие меѓу другото ќе забележат:
„.. Ние не сме ни Бугари, како што не нарекуваат, па ниту Грци. Ние сме Македонци. Грчките капиталисти ги обработија успешно грчките маси против нас до тој степен, што нас не нарекуваа Бугари и комитаџии.
Влошувањето на економската и политичката положба на македонскиот народ ќе овозможи меѓу нив да се прошири влијанието на прогресивните политички сили меѓу кои и на Комунистичката партија на Грција (КПГ). Посебно изјаснувањето на КПГ дека се залага за ослободување и вклучување на цела Македонија во една Балканска федерација ќе има огромно влијание за привлекување на македонскиот народ.
Грчката комунистичка партија дури го помага и формирањето на ВМРО (Об) во 1934 година во Грција, како илегална национално-револуционерна организација која се бори за национално ослободување и обединување на македонскиот народ и негова рамноправна положба во една Балканска федерација. КПГ на почетокот ги подржуваат барањата на Македонците за отварања на македонски училишта и за употреба на мајчиниот јазик, како и други национално-културни права. Меѓутоа, и самата изложена на пртисок, во 1936 година, КПГ ги менува своите позиции кон македонското прашање и ќе го промовираат ставот за полна рамноправност на малцинствата.
по Граѓанската војна КПГ постепено го менува ставот во однос на македонското прашање.
КПГ и нејзината дволична игра кон Македонците само го забрзале процесот на систематско уништување на македонскиот корен во егејскиот дел на македонија 
Сите грчки влади без разлика на нивната идеолошка определба секогаш заземаат став на негирање на Македонскиот народ и на она се што е македонско. Сепак, и покрај сите искушенија и маки низ кој поминал македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија, тој никогаш не престанал да го употребува својот мајчин јаик. Залудни се и денешните обиди на актуелната грчка власт да го избрише македонскиот корен, македонскиот идентите.Масовните апсења, прогони и интернирања на Македонците по островите, се интензивираат со воспоставувањето на Метаксовата диктатура во август 1936 г

Пронајдете не на следниве мрежи: