Сме живееле во заблуда: Половина век не водел полубратот на Јосип Броз Тито!

Дали Јосип Броз Тито бил советски шпион? Дали во Загорац тоа име исчезнало уште во Првата Светска Војна па неговиот идентитет го превземал советски агент? Ова се најпоставуваните прашања за бројните теории на завери во минатото.Го заменил неговиот полубрат
Некои теоретичари тврдат дека Тито кој го познаваме всушност не бил Јосип Броз, роден во Кумровец 1892, туку неговиот година дена постар полубрат.
Мајката на Тито Марија Јавершек, била словенка од Подрес, и работела во Виена како домашна помошничка кај богатиот Евреин Самуел Мајер, инаку сопственик на фабриката за медицински протези.
Од нивната љубовна врска 7. Мај 1891 година се родил синот Џошуа (Франц Амброз Мајер.
Благодарејќи на своето потекло, Џошуа израснал во царска Виена и се школувал во најдобрите училишта, на германски јазик. Завршил музичко училиште како одличен пијанист и најдобар изведувач на Вердер и Шопен во својот клас.
За неговиот талент подоцна била сведок и Жинка Кунц која говорела за тоа како Тито на клавирот го прател нејзиното пеење.
Школувањето продолжило на Австриската царска војна академија во Печина (Маџарска) и тоа во ист клас како и идниот водач на Третиот Рајх Адолф Хитлер.
Марија Јавершек во меѓувреме му се вратила на сопругот во Кумровец. Правиот Јосип Броз се родил на 21 мај 1892 година. Бил дете на Марија и Фрањо Броз, селски работник од Кумровец.
Јосип Броз бил дете со доста интелектуални способности, па после четиригодишната школа е пратен во Сисак да учи браварски занает.
Еден од неговите дотогашни колеги, Нико Ишиќ, каѓува дека Броз го изгубил своот прст на машина. После војната во 1945 година, кога Тито дошол во Сисак , Ившиќ пред многубројни сведоци се ракувал со него и му рекол: „Ти не си Јосип Броз“ бидејќи човекот со кој се ракувал ги имал сите прсти.
Јосип Броз бил мобилизиран во 1914 година во австриско- унгарската војска и истата година погинал. Тука најверојатно се завршува и неговиот пат.

Неговиот идентитет, тогаш наводно го превзима неговиот полубрат од комунистичкото подземје, Џошуа Амброз Мајер кој го менува името во Јосип Броз Тито. Он е тој кој во 1914 година во Будимпешта го освоил сребрениот медал на првенствената австро унгарска војска во мечување, а не вистинскиот Тито.
Мајер, кој тогаш веќе станал Тито, исто така е мобилизиран во австро- унгарската војска и пратен на источниот фронт, каде русите, откако го раниле го заробиле во Буковина во 1915 година. Таму поминал 13 месеци  во заробеништво, а после толку време научил и добро руски.
Успеал да побегне во 1917 година, а потоа се придружува на Интернационалната црвена армија, каде присуствувал повеќе месеци, но без борба.
Се венчал со Русинката Пелагија Белосова. Во 1920 година заедно со неа се врача во Кралството Југославија каде се придружува на Југословенската комунистичка партија и почнува да делува како трет соборник на југословенскиот собор.
Во 1934 година пристапува на Централниот комитет на Југославија, а во 1935 повторно се враќа во Русија каде ги почнува своите активности во Коминтерната. Од русинката се развел во 1936 година.

Никогаш не научил правилно да зборува ниту српски, ниту хрватски.
Тито, роден во Виена, никогаш не научил правилно да говори ниту српски, ниту хрватски јазик. Неговиот говор бил всушност мешавина од полски, словенски и руски со потекло на зборови од српскиот јазик. Кога конечно после Втората светска војна дошол во својот “роден” Кумровец, никој од соседите и од пријателите не го препознал, меѓутоа се плашеле да кажат било што.
Тито умрел во Љубљана на шести мај 1980та година. Некои од сведоците велат дека додека лежел во болница мрморел на германски со виенски акцент.
Меѓутоа, постои и еден проблем на овие територии. Неколку роднини и познаници, после Втората светска војна , го потврдиле вистинскиот идентитет на Броз, додека сите останати наведени вештини имал можност да ги усоврши во австро-унгарската војска, каде бил спортски првак.  
“Бајките за Тито” е насловот на поглавјето на неодамна издадената книга “Јованка – жената која премногу знаеше”, во која се опишани сите познати теории на заговор. Таму се опишани конфликтни информации за Титовите борби во Шпанија според кои се тврди дека неговиот полубрат Франц Амброз го превземал неговиот идентитет.
Вселенска програма
Југословенската вселенска програма Тито наводно ја продал на Американците, вели словенскиот режисер Жига Вирца, словенски режисер на документарниот филм „Houston we have a problem”. Тито наводно во воената база Жељава изградил најголем подземен вселенски центар во Европа наречен „Објект 55“.
Руски таинствени години
Не е тајна дека односот на Тито со Русите е сериозно и комплексно прашање. Одредени критичари веруваат дека Тито во Москва ја продал душата на ѓаволот. Првите контакти започнале во 1928 година кога Тито им наметнал на комунистите- монолитност и единство- особини кои од централа изгледале како важни.
Тито потоа уживал во трајната наклонетост на московските соработници а тоа што тој на никого не верувал му помогнало да ги помине пеколните години. Тито во 1938 година во Москва ја предводел славната историска СКП. Од хонорарот за книгата купил брилијантен прстен. Опонентите во тие детали виделе дека тој во среде пеколот мислел само на уживање.
Во неколку книги се изнесени тврдења дека Тито во своите најтешки години, оние од 1935 до 1938 ги поминал во Москва.

Тито – агент на НКДВ
Јосип Броз Тито во Москва достигнал процеси, какви во целата историја се немаат видено. Секој член од партијата имал досие , со биографија со доста карактеристики и мани. Тие досиеа можеле да бидат судбоносни а за многу навистина и биле. За своите пријатели од Југославија, Тито напишал многу карактеристики. Сите национални комунистички партии морале да бидат и бидат послушни на Москва, а инструментите на дисциплинирање сегде биле идентични.
Перо Симиќ, београдски историчар- аматер, најистакнат претставник на овие струи, тврди дека Јосип Броз преживеал „оловни години“ како што пишува во некои од досиеата на своите соборници, комунисти, кои после тоа се затрелани.
Во чистките Сталин ги тргнал скоро сите хрватски комунисти( Камило Хорватин, братот на Стеф Цвијиќ). Мирослав Крлеж прилично рано проникнал во битката со сталинските процеси, додека Тито за тоа време од неговиот живот секогаш говорел малку, чувствувајќи неугодност.
Симиќ тврдел дека таа неугодност била само израз на нечиста совест. Освен додворувањето на Сталин, Тито наговестувал еден вид на конкуренција.
Меѓутоа меѓу ликвидираните биле и многумина од нивните пријатели и соработници.  „Неполни три години после Титовиот разговор“ со НКВД , на фебруари 1938 година, Камило Хорватин е уапсен во Москва и набрзо осуден на смрт- пишува Симиќ.
На март 1935 година осумдесет дена пред да одлучат агентите од НКВД дали он ја заслужува нивната доверба, Тито ги издал на делегатите на Сталиновата полиција.
Др.Силвин Еилетз, авторот на книгата „Титовите таинствени години во Москва“ оди еден чекор погоре. Тој тврди дека Тито работел за руската истражувачка служба. На прашањето на една новинарка дали има некаков документ кој докажува дека Тито бил агент на советската тајна полиција НКВД, Др. Елиетз одговара: „ Не, јас тоа во книгата не го кажувам, јас објаснувам за Валтер, кој работел во НКВД.“ Рускиот историчар Никита Викторовиќ Бондарев тврди , дека за таа теза не постојат многу докази.
„До сега не е пронајден никаков доказ за тврдењето дека Тито бил соработник на согласната советска служба НКВД“- кажува тој.

Вистинското, централно досие на Броз официјално сеуште не е пронајдено. Бондарев тврди дека советските власти за така сериозни државици како Тито на едно место го имаат главното досие, но истото не е достапно за јавноста. Тоа значи дека сепак, сите опции се сеуште отворени.
Можни се најразлични изненадувања, но тешко е да се очекуваат некои радикални. Тито, наводно, одредено време бил смртен непријател на Москва, па Сталин веројатно би ги искористел таквите податоци да ги има. Ако Тито бил НКВД-овец, Сталин би морал тоа да го објави во било кој западен весник во кој имал свои луѓе и таа информација за Тито, со обѕир на масовните страдања на југословенските комунисти во Србија, сигурно силно би одекнала. Сепак таков потег не е забележен.
Меѓутоа тоа не значи дека Тито не бил руски човек. Се смета дека поранешниот југословенски претседател до крајот на животот, со едно око секогаш гледал кон Москва. Сепак, со другото секогаш им намигнувал на Американците и Западот. Кога во една прилика градоначалникот на еден германски град му приредил гозба, го запрашал што би се случило со Тито ако после својата германска епизода отишол во Америка, како што планирал. “Ќе бев најголемиот капиталист”, одговорил Тито.
Тоа покажува дека воопшто не е догматичен – да, бил руски човек, помалку или повеќе, но, “ibi bene ubi patria”, неговиот дом сепак бил онаму каде се чувствува најдобро.Го заменил неговиот полубрат
Некои теоретичари тврдат дека Тито кој го познаваме всушност не бил Јосип Броз, роден во Кумр

Пронајдете не на следниве мрежи: