Што е „проширена реалност“ – технологијата зад Pokemon Go?

Манијата за гонење на виртуелни покемони по вистински улици низ градовите се должи на концептот на додадена реалност, која се обидува да ги спои двата света.Пред неколку години на улиците на поголемите градови во светот се појавија млади со чудно однесување, кои добиваа упатства од своите смартфони, шетале загледани во нив и барале енергетски портали. Тие се запознавале меѓу себе, формирале фракции, хакирале непријателски портали и ги бранеле своите. 
Сето ова се случуваше истовремено на реалните градски улици и плоштади, како и во виртуелниот свет на фантастичната мобилна игра Ingress создадена од Google. Можеби поради тајниот и речиси конспиративен заплет, сепак тогаш општеството така и не забележа речиси ништо.
Само пред околу две недели, во средината на јули сето ова се повтори, само наместо да бараат портали со футуристички извор на енергија, играчите едноставно тргнаа во лов на покемони. Овој пат, целиот свет дозна за нив и веќе половина месец продолжува да се следи со интерес сѐ што прават играчите. Двете игри неспорно се разликуваат по својот заплет и по степенот на важност на нивните ликови. Сепак, тие се речиси идентични и практично ја користат истата технологија наречена додадена реалност, која ги прави забавни од квалитативно нов тип.
Добредојдовте во светот на „augmented reality“
Или преведено на македонски  јазик – додадена реалност или проширена реалност. Тоа е технолошки концепт кој ги поврзува реалниот и виртуелниот свет, овозможувајќи на екранот на телефонот или таблетот да ги гледаме физичките објекти околу нас, но и виртуелните. Токму овој пристап им овозможува на тн. „Ловци на покемони“ да ги откриваат виртуелните суштества на вистински градски локации.
Додадената реалност потекнува од идејата за мешање на виртуелната реалност и вистинскиот свет. Како концепт таа далеку не е нова и всушност постои со децении. Можеби најпопуларните форми на употреба се во телевизиското покривање на спортски емисии, кога кон реалната слика гледаме и различни виртуелни елементи – на пример имагинарна линија на офсајд линијата во фудбалски натпревар.
Новитет
Во развојот на проширената реалност во последните години е широкото навлегување на смартфоните и таблетите околу нас, овозможувајќи речиси постојано да имаме со себе уреди со моќни процесори, камера и квалитетен екран.Сето ова значително ги проширува можностите за користење на технологијата за додадена реалност.
Практично, Pokemon Go не е ниту првиот, ниту најиновативната таква апликација. Има многу интересни апликации како прелистувачот за додадена реалност Layar, платформата Metaio која беше купена од Apple минатото лето и апликацијата iPointer. Ниту една од нив сепак не успеа да се наметне на пазарот, можеби затоа што немаат зад себе милиони фанови како „Покемон“ франшизата. Денес, кога светот малку или многу, веќе е свесен за тоа што претставува додадена реалност, голем број на ИТ професионалци прогнозираат значителен раст на овој тип апликации во следните години.
Можни апликации на технологијата
Ги има стотици. Тоа може да ви покаже една зграда во завршен вид уште пред да биде изградена или да „распореди“ нова дневната соба во собата, без реално мебелот да се наоѓа таму. Со едно насочување на телефонот на продавница, установа или кино ќе можете да се информирате за актуелните понуди, промоции и попусти. Ако наведете споменик на културата, ќе можете виртуелно да ги видите тематските содржини поврзани со него.
Додадената реалност може целосно да ги преобрази сегментите како што се рекламата, продажбата, забавата, дури образованието, туризмот и архитектурата. Замислете на пример, дека се наоѓате на местото на античка битка и ги гледате околните полиња и ридови во екранот на смартфонот, ја гледате поставеноста на војниците, како и самите борбени дејства. Друга можност е да учествувате во јавна дискусија за нов архитектонски проект додека се наоѓате на местото каде што е предвидена изградбата и  ја „гледате“ идната зграда. Или обратно – минувајќи низ улиците на вашиот град ќе можете преку апликација со проширена реалност да ги гледате по начинот на кој тие изгледале пред сто години, запознаени со нивниот изглед од минатите времиња.
Според некои фантасти и футуролози, нѐ очекува иднина во која сите ние постојано ќе пристапуваме околу нас на десетици различни нивоа на додадена реалност во зависност од интересите, а нови уреди како дигитални очила и леќи ќе нѐ потопуваат целосно во нив.Пред неколку години на улиците на поголемите градови во светот се појавија млади со чудно однесување, кои добиваа упатства од своите смартфони, шет

Пронајдете не на следниве мрежи: