Што сакаат жените: Која е најпривлечната особина кај мажите?

Кои особини кај мажите жените најмногу ги ценат? Дали е тоа верноста, изгледот или можеби смислата за хумор? Секоја жена има своја визија на „совршен“ маж, но сепак постои еден квалитет кој голем број на жени го издвојуваат како клучен- тоа е способноста да слуша.Истражувањето кое го спроведе машкото списание “Men’s health”, покажува дека 53 отсто од жените способноста мажите да слушаат ја сметаат за најпривлечна практична особина која еден партнер може да ја има. Зошто?
Ако личноста со која сте во врска не ја поседува оваа особина, со текот на времето се помалку ќе сакате да ги споделувате своите чувства со него.
Каква е користа од раскажување каков ден сте имале ако вашиот партнер не се ни труди да ве сослуша? Од друга страна, ако тој навистина ве слуша, ќе сакате се да споделувате со него, а истото ќе го прави и тој. Слушањето ќе ве зближи, па вашата врска ќе може да напредува.
Кога знаете дека добивате внимание од вашиот партнер и тој внимателно ве слуша додека зборувате, на пример додека зборувате за работата или за плановите за викендот што претстои, тогаш ќе се чувствувате одлично. Со тоа, вашиот партнер покажува дека се грижи за вас и дека она што вие имате да го кажете го смета за важно.Истражувањето кое го спроведе машкото списание “Men’s health”, покажува дека 53 отсто од жените способноста мажи

Пронајдете не на следниве мрежи: