ТЕСТ: Проверете колку сте интелигентни!

Прашањата решавајте ги без долго размислување и по редослед, а потоа погледнете ги точните одговори и соберете колку погрешни одговори имате.На крајот, врз основа на резултатот заклучете колку сте над или под просечната интелигенцијата и колку треба да работите на себе. Забавувајте се!
Прашања:
1. Ако легнеш во 8 часот и го навиеш часовникот да ти ѕвони во 9 часот, колку време ќе спиеш?
2. Дали во САД постои 25. декември?
3. Ако во кибритот имаш само едно чкорче и влезеш во темна соба во која се наоѓаат: петролејка, плинска светилка и печка на дрва, што прво ќе запалиш?
4. Некои месеци имаат 30, а некои 31 ден, колку месеци во годината имаат 28 дена?
5. Што пишува на монета од 3 денари?
6. Докторот ти дал 3 таблети, да ги пиеш по една на секој пола час. Колку долго ќе ги пиеш?
7. Сонуваш дека си во темен тунел, од една страна доаѓа воз, а од другата страна змеј. Што ќе направиш?
8. Што било пред 1945 година?
9. Дали е можно човек кој живеел северно од Њујорк да биде погребан западно од Мисисипи?
10. Дали е можно во САД да се венчате со сестрата на својата вдовица?
11. Ако под полна Месечина фрлиш црвен камен во црно море, што ќе се случи?
12. Ти си мој син, а јас не сум ти мајка. Што сум ти јас?
13. Ако на човек му се отсече десната раката, колку прсти му остануваат?
14. Авионот се срушил на канадско – американска граница. Каде ќе ги погребат преживеаните патници?
15. Колку родендени има мајката на 3 деца?
16. Јаболкницата има 3 гранки, на секоја гранка има по 3 гранчиња, на секое гранче им по 3 плодови, секој плод има 3 семки. Колку крушки има на дрвото?
17. Колку пати во текот на 24 часа минутната стрелка преминува преку часовната стрелка?
18. Ако денес на пладне паѓа многу дожд, може ли за 36 часа да се очекува силно сонце?
19. Бел петел снесол јајце на граница. Чие е јајцето?
20. Колку е 10 и 30?
Одговорите се на следната страница..

 
Одговори:
1. Ако легнеш во 8 часот и го навиеш часовникот да ти ѕвони во 9 часот, колку време ќе спиеш?
– 1 час
2. Дали во САД постои 25. декември?
– Да
3. Ако во кибритот имаш само едно чкорче и влезеш во темна соба во која се наоѓаат: петролејка, плинска светилка и печка на дрва, што прво ќе запалиш?
– Кибритот
4. Некои месеци имаат 30, а некои 31 ден, колку месеци во годината имаат 28 дена?
– Сите
5. Што пишува на монета од 3 денари?
– Не постои монета од 3 денари
6. Докторот ти дал 3 таблети, да ги пиеш по една на секој пола час. Колку долго ќе ги пиеш?
– 1 час
7. Сонуваш дека си во темен тунел, од една страна доаѓа воз, а од другата страна змеј. Што ќе направиш?
– Ќе се разбудите
8. Што било пред 1945 година?
– 1944 година
9. Дали е можно човек кој живеел северно од Њујорк да биде погребан западно од Мисисипи?
– Не
10. Дали е можно во САД да се венчате со сестрата на својата вдовица?
– Не, веќе си мртов
11. Ако под полна Месечина фрлиш црвен камен во црно море, што ќе се случи?
– Ќе потоне

 
12. Ти си мој син, а јас не сум ти мајка. Што сум ти јас?
– Татко
13. Ако на човек му се отсече десната раката, колку прсти му остануваат?
– 15 прсти
14. Авионот се срушил на канадско – американска граница. Каде ќе ги погребат преживеаните патници?
– Никаде, бидејќи не се мртви
15. Колку родендени има мајката на 3 деца?
– Еден роденден, својот
16. Јаболкницата има 3 гранки, на секоја гранка има по 3 гранчиња, на секое гранче им по 3 плодови, секој плод има 3 семки. Колку крушки има на дрвото?
– Ниедна, бидејќи не растат круши на јаболкница
17. Колку пати во текот на 24 часа минутната стрелка преминува преку часовната стрелка?
– 22 пати
18. Ако денес на пладне паѓа многу дожд, може ли за 36 часа да се очекува силно сонце?
– Не, ќе биде полноќ.
19. Бел петел снесол јајце на граница. Чие е јајцето?
– Петелот не може да снесе јајце
20. Колку е 10 и 30?
– 10 и пол.
Резулатите се на следната странца..

Резултати:
Колку грешки имате и колку сте интелигентни:
0 = супер интелигентен, генијалец
1-2 = многу интелигентни
3-4 = прилично интелигентни
5-7 = просечно интелигентни
8-10 = приглупи
11-14 = сомнителен за околината
15-17 = идиот
18-20 = многу опасен за околината
 На крајот, врз основа на резултатот заклучете колку сте над или под просечната интелигенцијата и колку треба да работите на себе. Забавувајте се!

Пронајдете не на следниве мрежи: