Во неделата излегле 70.000 гласачи повеќе отколку во 2014 година

Во сите изборни единици, со исклучок на Првата, победата ја однесоа кандидатските листи предводени од ВМРО-ДПМНЕ, пишува Дневник.Слика која е речиси идентична со претходните два изборни циклуса во 2014 и 2011 година, со таа разлика што тогаш во Првата изборна единица со големи разлики коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ја имала предноста пред онаа предводена од СДСМ. Со други зборови, освен во „единицата“, каде што носителот на листата Никола Попоски е поразен од противкандидатот од СДСМ, Стево Пендаровски, во сите останати носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ убедливо испливаа први.
Пендаровски го победи Попоски со 19.357 гласа повеќе, односно освои 92.190, а Попоски го заокружиле 72.833 гласачи. Во 2014 година во оваа ИЕ предноста од 15.463 гласа повеќе била во рацете на носителот од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Слична предност е изгласана и на претходните предвремени парламентарни избори во 2011 година. Милошоски со над илјада гласа пред Шекеринска Во Втората ИЕ листата Никола Тодоров го порази социјалдемократскиот кандидат Оливер Спасовски со 3.870 гласа разлика, бројка што е далеку поголема во споредба со предноста од 21.623 гласа на носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во 3 ИЕ, Илија Димовски. Всушност, во оваа изборна единица најмногу гласови се легнати на контото на коалицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ. И во претходните два изборни циклуса „тројката“ им носи најубедлива победа. Во Четвртата ИЕ, каде што силите си ги мереа лидерите на двете партии, Никола Груевски и Зоран Заев, победата е на страната на првиот, но предноста е далеку помала ако се споредат победите во бројки со претходните гласања во 2014 и 2011 година. Во неделата гласањето заврши со 101.617 гласа за Груевски и 94.780 за Заев. На претходните избори во оваа изборна единица разликата во корист на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ е дури 39.805 глас.
Во Петата и Шестата ИЕ разликата е повторно тесна. Па, така, носителот на ВМРО-ДПМНЕ во „петката“, Антонио Милошоски, освои 72.340, а неговата противкандидатка Радмила Шекеринска 71.020. Во „шестката“ Влатко Ѓорчев го победи Петре Шилегов со 306 гласа разлика. Фантомите на СДСМ фантомски исчезнаа Вака пресметани гласовите провоцираат дилема во однос на таканаречените фантомски гласачи. Имено, споредбата на освоените гласови од коалицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ – 452 709 со нивните гласови во 2014 година, односно 481.615, лесно е пресметливо дека станува збор за само 28.906 гласа помалку.
Kаде сега исчезнаа оние 150.000 украдени гласови на претходните избори за кои Стево Пендаровски тогаш тврдеше дека имаат докази. Наводната изборна измама за која тој и партиското раководство на СДСМ обвинуваа никогаш не се докажа. А доколку постоела, логично е сега барем минимум 100-ина илјади луѓе помалку да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. А да не зборуваме дека кога почна да се проблематизира Избирачкиот список, опозицијата и медиумите блиски до неа шпекулираа со бројка од речиси 500 илјади фантоми, кои потоа станаа 300 илјади, па 150…
Од друга страна, пак, на претходните избори во 2014 коалицијата на чело со СДСМ освои 283.955, односно 152.514 помалку отколку на неделното гласање – 436 469. Останува дилемата од каде се слеаја овие плус гласови? На крајот уште една нелогичност создава забуна. Во неделата гласале 1.189.481 гласач, односно 68.737 повеќе од претходните избори, а 33.432 повеќе од оние во 2011 година. Доколку постоеја фантоми и тие се избришани во согласност со спроведената вкрстена проверка, како е возможно на овие избори да гласаат повеќе од претходните кога „фантомите“ произведени од СДСМ уште не беа откриени?
38.712 НЕВАЖЕЧКИ ЛИВЧИЊА
Бројот на неважечки ливчиња на овие избори е најголем во споредба со претходните два изборни циклуса. Во неделата се изброени 38.712 неважечки ливчиња, таа бројка во 2014 година изнесуваше 23.428, а во 2011 – 31.985. Поголема од оваа е бројката на претседателските избори во 2009 година кога биле регистрирани 45.513 неважечки ливчиња.
24 часа откако ДИK ќе прогласи победник, техничките министри и замениците мора да ги напуштат фотелјите.
Во рок од 24 часа откако Државната изборна комисија ќе ги објави официјалните резултати, техничките министри и заменик-министрите ќе треба да ги напуштат функционерките фотелји оти нивниот мандат (на само сто дена пред избори) завршува со изборниот ден. Така се договорија четирите политички партии во Пржино со цел да се отстрани каква било можност на чело на владините институции да останат луѓе што не се избрани од народот, ами од договорот на политичките партии.Слика која е речиси идентична со претходните два изборни циклуса во 2014 и 2011 година, со таа разлика што тогаш во Првата изборна единица со голем

Пронајдете не на следниве мрежи: