Водич низ Октоберфест: Нозе на масата- знак за „ексање“

Спектакалот почнува дури кога градоначалникот ќе даде знак, се пие само локално пиво, кражбата на кригли е невозможна поради осигурувањето, а нозе на маса се знак за „ексање“.Октоберфест во Минхен е најголемата фешта на светот, на која доаѓаат бројни туристи од сите страни, секоја година преку 6 милиони. Заштитен знак на Октоберфест  е големата количина пиво, песната и лунапаркот, а ова се 10-те работи кои треба да си знаете за овој празник.
1.Се оддржува повеќе од 200 години
Првиот Октоберфест бил организиран во 1810-та година во чест на венчавката на баварскиот принц Лудвиг и принцезата Тереса. Денот на венчавката се претворил во  јавен празник.
2.Всушност би требало да се слави Септембрфест
Потполно е легитимно прашањетозошто фестивалот се вика Октоберфест кога всушност почнува во септември. На почеток траел само недела дена, но  не требало долго за забавата да се продолжи на 16 дена. Организаторите одлучиле да го искористат потоплото време за почеток на манифестацијата.

3. Забавата почнува дури откако градоначалникот ќе даде знак
Саемите се отвараат во девет часот наутро, но до вистинската треба да се чека уште два часа додека градоначалникот свечено  не ја отвори манифестацијата. На пладне е симболичниот поздрав на војниците со 12 пиштоли, по што градоначалникот го отвара првиот барел пиво.
4. Овде се пие само локално пиво
Традиција е на фестивалот да може да се купи  само пиво произведено во Минхен, ги има 6 на понуда. Сите се со различлен вкус па со тоа се задоволуваат  сите вкусови.

 
5. Освен пиво, има и добра храна
За две недели се трошат 6 милиони литри пиво, но се печат и  500.000 пилиња, 120.000 кобасици и 50.000 свински шницли. За десерт може да се јаде кнедли, палачинки од компир и  штрудла од јаболко.
6. Земање кригла за спомен не доаѓа в предвид
Како прво, стаклените литрени чаши за пиво и криглите се многу масивни и  тешки па не се најдобар детал за носење, но и да се, невозможно е да ги ставите во ташна. Осигурувањето се наоѓа на секој агол така што на крадците не им бега парична казна.
7. Нозе на маса – знак за пиво „на екс“
Некои на фестивалот толку се опуштаат што се чувствуваат како дома па знаат и да ги кренат нозете на маса. Сепак, треба да се знае дека тоа е универзален знак за „ексање“ цело литро пиво.
8. Таму се пее на сиот глас
Спротивно на очекувањата , на овој фестивал не се свират само  германски песни, туку и  популарни песни кои се слушаат ширум светот.

9. Пиво, переци….  и натпревар во самострел
На фестивалот се нудат и  разноразни активности како лунапарк, циркуз и улични забавувачи. За оние кои сакаат малку повеќе адреналин, се приредува и  натпревар во самострел- традиција уште од 1895 година.
10. Ако оригиналот е далеку, копиите се близу
За популарноста на Октоберфест сведочи и  фактот дека фестивалите на иста или слична шема се приредуваат ширум светот- Од Бразил и Перу до Индија. Најголемиот Октоберфест надвор од Германија е во Канада со скоро милион посетители  секоја сезона.Октоберфест во Минхен е најголемата фешта на светот, на која доаѓаат бројни туристи од сите страни, секоја година преку 6 милиони. Заштитен знак на

Пронајдете не на следниве мрежи: