За Спасов формулацијата „на македонскиот јазик според Уставот“ не значело признавање на јазикот, туку ограничување на неговото постоење само во Уставот

Двојните аршини и ставови на функционерите на СДСМ се нивна одлика и основна карактеристика. Во 1999 година за време на преговорите околу потпишувањето на декларацијата за добрососедство со Бугарија помеѓу Премиерите Љубчо Георгиевски и Иван Костов, Ѓорги Спасов, тогашниот генерален секретар на СДСМ, министер за правда од истата партија и поранешен амбасадор во Софија со дрвја и камења фрлаше по декларацијата, која беше само основа за договорот кој Заев го договори, за сега да не изусти ниту збор за тоа што Заев договарал во Бугарија.

Спасов во 99-та во изјава за „Дневник“ изјави дека најавеното решение за јазикот на кој ќе биде потпишана декларацијата се јазиците кои официјални според уставите на двете држави е неприфатливо и скандалозно. За СДСМ и Спасов формулацијата „на македонскиот јазик според Уставот на Македонија“ не значело признавање на јазикот, туку ограничување на неговото постоење само во Уставот.
Сега Спасов откако Заев е тој што договара и преговара наеднаш замолкна и нема ниту еден аргумент против договорот чија основа ја критикуваше од дното на душата. Сега Спасов за договорот со Бугарија, во изјава за порталот „Фактор“ рече:
„Тоа е и доказ дека Македонија е способна да води надворешна политика свртена кон иднината, а не да остане на ниво од националистичката митолгизација на минатото, која земјата ја држеше во постојани кавги со соседите и во политичка па и економска изолација.
 
За Бугарија тоа е можност да демонстрира не само европско однесување на Балканот туку да покаже и лидерство во предводењето на земјите од Западниот Балкан кон интеграциите во ЕУ. Во двете земји потпишувањето на Договорот ќе биде пораз за националистичките сили во нив, а не муниција за напад како што некои од нив се надеваат “, смета Спасов.
СДСМ и Спасов тогаш беа загрижени и за нејасното дефинирање за грижата за македонското национално малцинство, според Спасов тогаш откажувањето од македонското национално малцинство претставува противуставен чин, кој може да има сериозни последици за државата.
Според Спасов Уставот на државата е дециден и ја обврзувал државата на заштита на националниот малцинство во другите земји, а никој особено Премиерот не смее да ја прекрши таа одредба. Според него тогаш тоа ќе било преседан зошто и другите соседи во догледно време можеле од нас да побараат да се откажеме од нашите малцинства во регионот.
„Незадоволни ќе има од двете страни. Но тоа е суштината на компромисот. Исчекор со кој двете страни добиваат по нешто и остануваат незадоволни со нешто. Македонија со Договорот ја манифестира својата самодоверба. Ја напушта политиката на уплашеност од негирање и исчекорува храбро во насока на градење односи со соседите и пријателство кое треба да биде основа за наше целосно интегрирање со нив во ЕУ врз основа на почитување на европското право и европските вредности.
Тоа беше можно да се случи со промената на власта во Македонија во време кога во Бугарија е на власт десницата на чело со Бојко Борисов. Бугарската десница од времето на Жељу Желев, преку Иван Костов до Бојко Борисов, имала секогаш по фер однос од БСП, кон Македонија и секогаш, кога таа била на власт, биле унапредувани односите. За разлика од БСП која, за жал останува на политиката на Тодор Живков, од страв да не биде обвинета за некакво национално предавство во односите со Македонија, ГЕРБ нема такви стравувања и го прави компромисот можен.

Во Македонија до промената на власта, Груевски лично го блокираше подобрувањето на односите со Бугарија со својот „квазипатриотизам„ и со работење во интерес на некакви нејасни српско-руски интереси на Балканот, кои отворено се противат на членството на Македонија во НАТО“, коментира Спасов за денес Фактор.
Во 99-та Спасов велеше дека треба да се види што има во договорот, за случајно тој да не претставува национално предавство.  А сега кога слушаме гласови од Софија дека договорот ќе значи крај за македонизмот, дека македонскиот јазик е бугарски дијалект и други слични антимакедонски тези нема никаква реакција од Спасов и сето тоа му личи европски и модерно.
 Двојните аршини и ставови на функционерите на СДСМ се нивна одлика и основна карактеристика. Во 1999 година за време на преговорите околу потпишува

Пронајдете не на следниве мрежи: