Бомба од Словенија: Урош Зорман го превзема РК Вардар

По само еден ден од историскиот успех на Вардар и второто освојување на Лигата на шампионите во ракомет, од Словенија пристигнува бомбастична вест – македонскиот тим веќе го има новиот предводник за следната сезона.
Како што пишува Дело нов тренер на европскиот шампион ќе биде Урош Зорман, долгогодишниот капитен на словенечката репрезентација, кој во овој момент е помошник на Веселин Вујовиќ во Словенија и на Талант Душебаев во Киелце.


Словенечкиот медиум повикувајќи се на сигурен извор пишува дека Зорман 99% се сели во Скопје, додека друг извор потврди дека е најсериозниот кандидат за замената на Парондо, кој седнува на селекторското столче на Египет.
Самиот Зорман не сакаше да коментира за евентуалниот премин во европскиот шампион, затоа што сè уште е под договор со полски Киелце..

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.