Трговскиот синџир Селфриџис во својот “сладоледен бутик” ќе послужува посебен коктел од сладолед, абсинт и додатоци кои го поттикнуваат либидото. Но само на полнолетни!
- Запленети 1,8 тони кокаин во близина на островот Сен Мартин
- (Видео) Андоновска: Одговорно ви тврдам, во Македонија моментално НЕМА ТРИКАФТА!
- Маричиќ: 20 години од големото проширување на ЕУ, ние треба да сме во следното
- Небензја бара меѓународна истрага за случувањата во Газа
- Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција во Москва!
Храната која содржи афродизијак секогаш е пожелна и барана, но ретко доаѓа во толку сладок и занесен облик како оној кој би требало да се појави под името “Секс Пистол”. Ова веќе познато име крие еден нов коктел со сладолед со посебен додаток – вијагра.
“Секс Пистол” ќе биде вистинска мала бомба, чии што основни состојки се сладолед и на некои познатиот силен пијалок абсинт. Но, она што коктелот го прави исклучителен се состојките кои го поттикнуваат либидото, како што се гинкго билоба, аргинин и гуарана.
Од оваа комбинација би требало да зоврие крвта, а на некои можеби и премногу. Затоа келнерите во сладоледниот бутик во Селфриџ, каде што оваа бомба ќе се послужува, ќе смеат да служат само еден пијалак по лице и тоа само на полнолетни.
Творците на коктелот велат дека овој пијалак е идеален да се испие пред почеток на шопингот, оти потоа ќе се чувствуваат полни со енергија и самодоверба.
-Но, не го малтретирајте персоналот, ве молиме! – напоменуваат од таму.