Грицкање нокти: 7 одлични решенија за оваа неубава навика

Компулсивното грицкање на ноктите е навика којашто е далеку позастапена отколку што си мислиме. А секој којшто, за жал, успеал да потпадне под влијанието на оваа неубава навика, многу добро знае колку е тешко да се откаже од истата.

Но, која и да е причината за оваа навика, стресот, досадата или потешкотиите во врска со моменталните случувања во нашите животи, изгрицканите нокти се глетка којашто не би смееле да си ја дозволиме на себе си.

Освен што станува збор за навика којашто буквално никој не ја сака, грицкањето на ноктите може да биде опасно и по здравјето, бидејќи предизвикува деформации кај ноктите, воспаленија на кожата, проблеми со забите, потешкотии со желудникот, па дури и вирусни инфекции предизвикани од постојаниот контакт на прстите со усната празнина.

Ние овојпат ви предлагаме седум совети за грицкањето на ноктите да остане единствено само во вашето минато:

1. Два пати дневно натопувајте ги прстите во некое масло (маслиново, рицинусово, рибино или масло од чајно дрво), и оставете ги така барем околу 20 минути.

2. Намачкајте ги ноктите со табаско сос.

3. Истријте ги прстите со луто пиперче.

4. Натопете ги прстите во оцет (околу 5 минути).

5. Натопете ги прстите во сок од лимон (околу 5 минути).

6. Истријте ги прстите со каранфилче или лук.

7. Додека сте дома, секој нокт обвиткајте го со фластер или леплива трака.

И верувајте ни, кога оваа неубава навика ќе стане дел од вашето минато, и кога ќе успеете да ги “дотерате” вашите нокти, ќе се запрашате како воопшто сте дозволувале да имате такви “несредени” нокти, бидејќи глетката кон изгрицканите нокти оддава навистина лош впечаток и некогаш може да го сруши дури и комплетното мислење за нечиј физички изглед…

Прочитајте уште и:

Грицкање на нокти – како да се одвикнете?

Доколку ја грицкате кожата околу ноктите, веднаш престанете! Еве зошто

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.