Интернетот е згрозен поради овој детаљ на лицето на моделите: “Жени, пуштете ги своите мустаќи”

Американскиот произведувач на женски бричеви “Billie” продолжува со храбрите кампањи кои имаат за цел не само да го продадат производот, туку и да ја променат застарената перцепција за влакната на женското тело.
Минатата година, тие за првпат прикажаа жени со влакнести нозе, пазуви или други делови од телото, а сега направиле уште посмел чекор.
Имено, во новата кампања “Movember” се прикажуваат модели со мустаќо сè со цел да ги срушат табуата за женското тело, но постои уште една хумана цел – собирање на средства за лекување на рак на простатата и тестисите.


Видеото е разиграно и забавно, полно со пастелни и впечатливи бои, а истото ги слави влакната и ги повикува жените ширум светот овој ноември гордо да ги пуштат своите мустаќи и да се придружат на движењето “Movember”.
“Имаме важно известување: И жените имаат мустаќи. Светот можеби не го знае тоа бидејќи цел живот се трудиме да ги сокриеме. Но, вистината е дека ги имаме”, порачуваат дамите во рекламата.
Можеби делува контрадикторно бренд кој произведува бричеви да ги поттикнува жените да не ги користат, но од самата компанија трдат дека за нив е најважна пораката која ќе им ја испратат на дамите ширум светот.
“Кога брендовите кои произведуваат бричеви се преправаат дека жените немаат влакна, тоа е еден вид на телесно посрамување. Време е некој да го поправи тоа, ние не сакавме да бидемe дел од таквиот начин на рекламирање”, соопштиле тие.


Токму осудите и срамот на основа на изгледот имале огромно влијание на една од манекенките во оваа кампања – Грејс Инсоња, која тврди дека овие реклами се клучни за самоприфаќањето.
“Бев опседната со модните списанија и ретушираните фотографии од жените во нив. Ниту една од нив немаше влакна на непосакуваните делови од телото. Доколку видев ваква реклама додека бев тинејџерка, сигурно би ми било полесно да се прифатам себеси, а снимањето на кампањата беше ослободувачко искуство”, раскажала манекенкaта за магазинот “Glamour”.
Целата кампања наиде на лавина коментари кои воглавно се позитивни и поголемиот дел од луѓето се согласуваат дека ваквите типови на реклами им се потребни на жените, особено на тинејџерките.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.