На некогаш најскапиот фудбалер на светот му се заканува ненадеен и срамен крај на кариерата !?

Италијанските спортски обвинители побараа четиригодишна забрана за игра за францускиот играч од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, кој беше обвинет за допинг, објавија италијанските медиуми во четвртокот.

Секоја чест! Дека на 106 години скокна со падобран и го собори Гинисовиот рекорд, погледнете ја оваа авантура
Алфред „Ал“ Блаше од Тексас ја врати титулата „најстар падобран на светот“, откако скокна од авион на 106 години и 327 дена.Тој за прв пат влезе  во Гинисовата книга  во 2020 година, кога скокна од 4.260 …
Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијативата на новата претседателка на Северна Македонија
Нелегална, недозволива и провокативна, ја карактеризира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одлуката на Гордана Сиљановска Давкова да го користи името „Македонија“ за време на нејзината инаугурација и паралелно ја повика новата претседателка „да се врати …

Пол Погба беше суспендиран во септември, откако на тестот на италијанската национална анти-допинг организација излезе позитивен на тестостерон, хормон кој ја зголемува издржливоста кај спортистите, а тестот беше спроведен на 20. август по победата на Јувентус од 3:0 на отворањето на сезоната во Серија А против Удинезе.

Неговиот позитивен допинг тест беше потврден во контра-анализа на друг примерок во октомври. Доколку судот го прифати барањето на обвинителот, тоа може да значи и крај на кариерата на некогаш најскапиот фудбалер на светот, кој сега има 31 година.

Да потсетиме, Пол Погба во 2016 година се пресели од Јувентус во Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра обештетување, што беше најголемиот трансфер во фудбалската историја.

Пронајдете не на следниве мрежи: