Истражувањето на корона вирусот се фокусираше на појава на симптоми како што се постојана кашлица, треска, отежнато дишење, губење на чувството за вкус и мирис и гастроинтестинални проблеми. Ново истражување сега ги разгледува загрижувачките ефекти на вирусот врз мозокот.
Научниците открија ген кој побрзо се реплицира во нечиј ум предизвикувајќи забранувачки симптоми на шизофренија, како што се халуцинации, заблуди и екстремно однесување.
- Овие апарати трошат најмногу струја! Кога ќе стигнат високи сметките, тие се главните виновници – еве како да заштедите!Четири уреди се „потрошувачи“ на електрична енергија во домаќинствата – […]
- Хаос на детска роденденска забава во игротека: Срби осомничени за убиство, се претпоставува и дека побегнале во СрбијаАвстриската полиција интензивно трага по Саша К., Милован Д. и […]
- Алтернатива откри кој ќе биде министер за европски прашања, а кои заменици во образование и етнички заеднициНа денешниот состанок на Централното претседателство на Алтернатива се разговараше […]
- Зошто дуваме свеќи за роденден!? Имаат посебна симболика, а кога ќе слушнете што претставуваат, ќе размислите дали ви се потребни (фото)Родендените се посебни радости за секое дете поради многу причини. Освен што доаѓаат […]
- СЗО: 1,5 милион луѓе годишно умираат во Европа од тутун и преработена хранаСветската здравствена организација (СЗО) ги повика владите да воведат построга […]
Ова откритие создаде уште поголема загриженост за тоа како вирусот влијае не само на здравјето на една личност, туку и на неговото ментално здравје.
Пациентите кои ја развиваат оваа единствена генетска мутација може да имаат помалку сериозни симптоми на Ковид-19, а исто така може да имаат поголем ризик од шизофренија, според истражувачки тим од Њу Јорк.
Генот rs4702 овозможува побрзо да се реплицира корона вирусот во човечкото тело, особено во мозокот, сугерира експеримент на научникот Кристен Бренанд, од Медицинскиот факултет Икан на планината Синај, Њу Јорк.
Научниците велат дека постои загриженост за долгорочните ефекти на гените кои можат да влијаат на нечиј ум.
Што е rs4702?
Генот rs4702 го контролира производството на фурин, ензим неопходен за правилно функционирање на многу протеини. Според Кристен Бренанд, од Медицинскиот факултет „Икан“ во планината Синај, Њу Јорк и нејзините колеги, генот се појавил не само во мозокот, туку и во клетките на белите дробови и цревата.
Претходните студии на овој научен тим, како и други, откриле дека мутациите во генот rs4702 можат да доведат до намален раст на невроните и промена на активноста.
Кои други ментални заболувања се забележани со Ковид инфекцијата?
Здравствените експерти забележаа дека тешката инфекција со Ковид-19 може да предизвика делириум во акутната фаза на болеста, проследена со депресија, анксиозност, замор, несоница и посттрауматско стресно нарушување (ПТСН).
Резултатите од „првиот систематски преглед и анализа на психијатриските последици од коронавирусна инфекција“ покажаа дека претходните епидемии на коронавируси биле поврзани со значителни психолошки проблеми.
– Нашите главни откритија откриваат дека знаците што укажуваат на делириум се многу чести во акутната фаза на САРС, МЕРС и Ковид-19. Постојат докази за депресија, анксиозност, замор и посттрауматско стресно нарушување во фазата на заболување од претходните епидемии на коронавируси, но сè уште има малку податоци за Ковид-19 – посочуваат експертите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.