Том Круз во карантин во Италија поради корона вирусот

Холивудскиот актер Том Круз и екипата на филмот „Невозможна мисија 7“, што се снима во Венеција, се сместени во карантин заради корoна вирусот што се шири низ Италија.
Веста ја пренесе весникот „Џерусалем пост“ , повикувајќи се на британскиот актер Сајмон Пејџ.
Тој наведува дека Том Круз допатувал во Италија на 20 февруари заради снимање на седмото продолжение од филмот „Невозможна мисија“.


Заради епидемијата од коорнавирус, што со молневита брзина се шири низ Италија, целата филмска екипа е ставена во изолација во раскошниот хотел „Грити палас“, пренесе„ Џерусалем пост“.
Оттаму се истакнува дека никој од филмската екипа не е заразен од коронавирус, а во карантин ќе се наоѓаат до утре, 2 март.
Претходно, медиумите пренесоа дека снимањето на холивудскиот блок-бастер е стопирано заради ширењето на коорнавирусот.
Фулмот „Невозможна мисија 7“ требаше во кино салите да се појави во јули следната година, но сега е неизвесно дали планираниот термин ќе биде исполнет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.