Јордан Митев сними спот за неговата последна песна „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“

54277760_358120931466275_3776974101000749056_n

Спотот, кој првично беше најавен за во јануари е завршен со мало одложување заради многуте ангажмани кои пејачот ги имаше во тој период.
Спотот Митев го работеше со „Арт Продукција“, а судејќи според досегашната пракса, публиката со сигурност може да очекува високо квалитетно и професионално видео.

54257870_1234328110068516_5684620775122796544_n

Во спотот за песната во која може да се пронајде секоја генерација на слушатели и уживатели на македонската народна песна, учествуваа голем број на статисти, а како и секогаш Митев акцент даде кон истакнување на квалитетни и интересни места од неговото поднебје. Како главна локација за снимање на видеото беше ресторанот „Тиамо Гарден“ во Радовиш.
Промоцијата на спотот може да се очекува наскоро. За престојниот период најавено е уште едно снимање на спот, надвор од границите на нашата земја, но повеќе детали не се откриваат.

53909715_661620647628092_6924984798809161728_n

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.