Гнасна тајна од филмот „Последно танго во Париз“: Нечуено е што ѝ сториле на главната актерка!

Нема љубител на филмот кој не го гледал „Последно танго во Париз“. Сите знаеме за бруталните сцени на секс кои Марлон Брандо ги имал со Марија Шнајдер. Тој тогаш имал 49 години, а таа само 19.

img

Изјавата на режисерот на легендарниот филмски класик „Последно танго во Париз“, Бернардо Бертолучи дека сцената на силување која вклучува путер била снимена без согласност на главната глумица, Марија Шнајдер, предизвика згрозување во јавноста.

„Не сакав Марија да одглуми понижување, бес. Сакав да почувствува бес и понижување. Ме мразеше цел живот“ - рекол Бертолучи.

Да потсетиме: дејствието на филмот го прикажува животот на постар човек кој се справува со самоубиство на својата жена. Во тој период почнува да се гледа со Марија… Во една сцена во која Брандо ја мачка Марија со путер, актерката рекла дека навистина се чувствувала искористено.

„Тоа го немаше во оригиналното сценарио. Вистина е дека на тоа се сети Брандо. За тоа ми рекоа непосредно пред снимањето на сцената и бев многу лута…не можеш да примораш некого да направи нешто што не е во сценариото“ - рекла Марија.

Таа го обвинила Брандо, но и режисерот на филмот Бернардо Бертолучи.

„Се чувствував понижено, по малку како и двајцата да ме силуваа и Марлон и Бертолучи. После сцената Марлон не ме тешеше, ниту пак се извини. За среќа сцената ја снимивме од првпат.“

Се вчитува прикажувачот на видео...

Facebook impact:

Објавено понеделник, 05 декември 2016 20:40
Напишано од Ирина



Барај