Неделковски: Бејли, СДС и ДПМНЕ против МАКЕДОНСКИОТ народ!

Народот сака јасни пораки. Засега, новото раководство на ВМРО ДПМНЕ претставено во двоецот Мицковски-Ѓорчев не ја соопшти својата визија и стратегија за иднината на партијата. Ние гласачите, не знаеме дали сакаат или не вонредни избори?! Ќе одат или не во куќата на Моне?! Ќе го штитат името или не?! Ќе ги ослободуваат браќата и сестрите од притвор или не?! Ништо не знаеме од Мице. Само знаеме дека отрча кај Зоки.

img

Не прашувајте гаталец, ами паталец.

Во притвор, да Ви кажам како паталец, најтешки за одминување се деновите на викенди, празници, а особено врзани празници какви што се овие.
Нема активности. Чуварската служба е редуцирана. Нема посета од адвокати или обвинители. Мртвило. Како што би рекол Марко Лаушевиќ: Година проџе, дан никад.
Во овие најтешки денови, кога секундата е како еден час, а часот како седмица, колегите на пратениците што се во притвор, значи пратениците во Собранието на РМ, односно народните “посланици“ на недолжниот народ што е во притвор, си ги споија празниците. Илимити, “сложни попови и во петок мрсат“. Нив, за разлика од оние во Шутка, новогодишно-божикните неработни денови ќе им пројдат брзо, безгрижно и весело. Имаат и за трошење од парите за патни трошоци.
Па така, осознавајки ја поезијата на Бора Чорба дека “за идеале гину будале“, доаѓа и отрезнувањето и разбирањето што точно се случува во овој момент.
Секако, моите симпатии и мојата поддршка е за тие “будали“ во Шутка, и токму затоа моите текстови се за оние конформисти што се надвор па си ги продолжуваат викендите и што се залагаат за “конструктивност“ и “фер однос“ од страна на џелатот кон својата жртва.
Да ги видам да бараат конструктивност, ама да се внатре зад решетки? Неколку часови парно, светлото се гаси во 21.00 часот, туширање еднаш во две недели, шетање 30 минути во период од 24 часа. Биди таму внатре конструктивен Ѓорчев Влатко. Од таму да видиш како изгледа вашиот предавнички состанок со агентот на ЦИА задолжен за распарчување на Македонија и палење на воениот оган во Европа.
Оваа слика погоре ли е “подадената рака“ за која Мицковки говореше на “Фолк-фест“ Валандово? Или, можеби е “подадена рака“ експресното трчање до кабинетот на Зоран Заев. Заев де, оној кој е нелегален, што го избра нелегален парламент, кој беше избран надвор од процедури, што победи на локални, а освои 49 пратеника на парламентарни избори со помош на АМЕРИКАНСКИОТ ИНЖЕНЕРИНГ. Ако е нелегален, што к.. трчаш на баци рака?! Зошто ВМРО ДПМНЕ и новиот (па и стариот) лидер го легитимираат кога е дојден на власт со пуч, за што впрочема хорот на “Јеховините сведоци“ во Собранието ја испеа позната песничка “Ова е пуч“. Ако е “пуч“ преземање на Собранието на неуставен начин, тогаш пучисти покрај Џафери се и сите други функционери произлезени од такво собрание. Вклучително и Зоран Заев.
Значи, поставувам прашање до двајцава на подолната слика, до Луке и Мице: Пуч беше тоа или не?!
Се подраспрашав малкуцка. Засега од Мицковски нема “подадена рака“ за ниту еден патриот, за ниту еден гласноговорен интелектуалец што инсистира на зачувување на името, историјата, државата… За сите што се залагаат за Македнија и Македонскиот народ – нема подадена рака!
Затоа Мицковски, во говорите многу малку или ич, не споменува МАКЕДОНСКИ народ, ами граѓани. Затоа ништо не вели за договорот со Бугарија, за двојазичноста со племето, за промената на името. Не, тој само за економија е. Изгледа, добивме нов трговачки путник, на место на досегашниот (израз оригинално смислен од М. Велиновска).
Конструктвен, а?
Ај тури ги твоите малолетни дечиња во кондурките на дечињата на Елена, па биди конструктивен и барај фер пристап!
Бидејки од примопредавањето на кабинетот каде што седи лидерот на ВМРО ДПМНЕ па наваму се прекинати сите активности во врска со поддршката на притворените патриоти (не само на притворените пратеници), а за сметка на тоа е промовиран Влатко Ѓорчев како втор човек во партијата (шеф на пратеничка група, присатен на состаноците на лидерот на партијата со странска агентура…), лесно се доаѓа до заклучок дека не ОЈО, не СДСМ и не Зора Заев, ами раководството на ВМРО ДПМНЕ им пресуди и ги прогласи за виновни Игор Дурловски, Владо Јовановски, Борис Дамовски, Горан Ангелов, Игор Југ и другите што се во затворски и домашен притвор.
Ако го следиме тертипот на Никола Груевски, кој ни посочи дека својата оставка ја објавил уште вечерта по пребројувањето на гласовите на локалните избори, но тоа го направил на дипломатски јазик, па разбрале тие што владеат со такви способности за дешифрирање на дипломатски изјави (значи не и ние попростите), тогаш сегашниов јазик на Христијан Мицковски е сосема јасен за дешифрирање.
Влатко Ѓорчев е доказ за тоа што смета сегашниот врв на ВМРО ДПМНЕ што е исправно, а што не. Според агресивното и ИНАЕТЧИСКО (а веќе пишав во своите совети, дека трба да се престане со инаетење) форсирање на зетот на протестанскиот проповедник, однапред ги осудува уставобранителите Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски, Жаклина Пешевска, Крсто Муковски, Сашо Василевски и Љубен Анаудов, дека на 27-ми април тие постапиле грешно, а Влатко Ѓорчев исправно.

Влатко Ѓорчев

Па така, не Заев, ами Мицковски им пресуди на браќата што се во притвор.

Оваа дволична игра иако сите ја гледаат, никој (од јавните личности) со исклучок на авторот на овие редови (а на ФБ и Гелева и Палчо) не ја пишува. Сите гледаат дека Мицковски ниту еднаш не споменал дека бара вонредни избори, а толку многу своевремено му се исмевавме на СДС кога не сакаше како опозиција да оди на избори. Сите, исто така, гледаат дека во обраќањата на Мицковски нема збор против јасниот план за промена на името. Тој еднаш изјави “јас лично како Хистијан Мицковски“, ама еве немаме слушнато сега “јас како институција во најмоќната партија во Македонија“ – сметам дека името не треба да се менува! Народот не сака да го предводат апаши, лажговци, неработници. Ама, секако, не сака да биде предводен и од дволични политики и дволични политичари.


Народот сака јасни пораки. Засега, новото раководство на ВМРО ДПМНЕ претставено во двоецот Мицковски-Ѓорчев не ја соопшти својата визија и стратегија за иднината на партијата. Ние гласачите, не знаеме дали сакаат или не вонредни избори?! Ќе одат или не во куќата на Моне?! Ќе го штитат името или не?! Ќе ги ослободуваат браќата и сестрите од притвор или не?! Ништо не знаеме од Мице. Само знаеме дека отрча кај Зоки.

Фејсбук меме за Мицко


Оваа колумна подолго беше месена и подготвувана, ама сега ја финализирам и пуштам во јавноста инспирирана од апсолутно неточната теза што денеска ја претстави во гласилата Сотир Костов. Тој вели: “ Целта на притворот е да се внесе страв и да се исплашат граѓаните на Македонија“! Многу погрешно. Многу.
Само слепец не може да види дека ЦЕЛТА НА ПРИТВОРОТ Е УЦЕНА И ПАЗАРЕЊЕ. Само слепец или само оној што се прави на слеп одработувајки за нечија агенда.
Веднаш да појаснам! Уцената и пазарењето не е упатена кон ВМРО ДПМНЕ и кон неговото раководство. Не. Тоа раководство, впрочем, е тука за кратко. Да потпише за името и да загуби на следните вонредни парламентарни избори. Уцената е кон МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
Со еден притвор на повеќе десетина души, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД здружено е уценуван од три адреси: Џес Бејли, СДС и ВМРО ДПМНЕ. Сите три адреси не‘ уценуваат нас обичните граѓани и гласачи.
Притворените се таму “на богу правде“. Недолжни, апсолутно.
Наизглед личи дека “Длабоката држава“ преку Бејли и Заев сака да го уценува ВМРО ДПМНЕ да се согласи со состанокот во куќата на Жан Моне во Париз, и да потпише таму што ќе им биде наредено. За возврат, протворените ќе бидат пуштени, или би имало општа амнестија.
Но, не е така. По обемно е. Пеколниот план треба во купот за амнестија да ги стави покрај луѓето од 27-ми април и обвинетите од страна на СЈО во врска со “бомбите“, и албанските терористи и зверови во врска со Диво насеље, Смилковско (но покрај нив и куп рекетари, дилери на дрога, криминалци и силеџии). Значи, треба да се изедначат Агим Красничи со Игор Дурловски, на пример. И ние Македонците и нашите ликови (уметници, актери, интелектуалци…) да бидат исто така претставени како терористи и убијци. И ние да станеме племе, како племето. Она за што му се смеевме на Заев кога беше амнестиран од Црвенковски во стил “ако беше невин зошто ти треба амнестија“, ете сега ќе се повтори но од спротивната страна.
Мислам дека не постои некој што не може да види дека криминалите на албанските монструми не можат да се исто со евентуалните криминали на оние од “бомбите“. Но, ниту албанските ѕверови и нивните убијства, ниту ВМРО-вските довчерашни раководители и нивните (недокажани) провизии, можат да се исто со она за што се набутани во притвор луѓето од 27-ми парил. Ставање знак равенство помеѓу овие три различни групи е злосторство против МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
Оваа уцена, можеби и со тешко срце би ја проголтал МАКЕДОНСКИОТ народ. Можеби велам, како што едвај ја проголта амнестијата што ВМРО ДПМНЕ ја направи за “Хашките случаи“ (кои, инаку, не застаруваат). Но, за жал, има уште една работа што е дел од уцената. А тоа е ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО.
Повеќе од јасно е дека без потпис од ВМРО ДПМНЕ промена на име не проаѓа. Истоа е јасно дека токму заради тоа Груевски се повлече. Не сакаше да се потпише. Но, НАЈ, НАЈ ЈАСНО ОД СЕ е дека ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот внатрепартиски дела од нивната “длабока држава“ (можеби е по правилен израз “длабока партија“) е до таа мерка уценета и притисната да ќе мораат да потпишат. Но, и тие и странците знаат дека тоа туку така нема да мине. Ни лесно, ни мирно. Е тука на сцена настапува НАЈГРОЗОМОРНИОТ дел од уцената.
Уценет ќе е МАКЕДОНСКИОТ народ да прифати дека и ВМРО ДПМНЕ се потпишало зад промената на името, а за возврат мајките на малолетни деца, светски реномиран оперски пејач, бард на актерството во Македонија, супер успешен режисер но и патриоти од терен и членови и претесдатели на Македонски патриотски здруженија ќе бидат ослободени со општа амнестија во која учествува и Ѓорѓе Иванов – Хорхе.
Сите ние, како богољубиви православци ќе се сожалиме на тешките и незаслужени судбини на луѓето до 27-ми, па ќе прифатиме промена на името.
Сите ослободени, името променето – народот со прст у … У уста, де.
Кој извртен ум, ѕвер и монструм треба да е оној што ова го смислил?! И колку треба да си НЕ-Македонец за да ја прифатиш и одработиш оваа шема?!
Како што гледате, бојното поле е расчистено. Секој си е повлечен во својот медиумски табор. Си мислат само на своите тесни интереси. Кој што да е или кој што ќе биде ако дојде до промена – и, толку.
Интензивно кукурика само Миленко, во свој стил настапува Палчо, повремено Емилија Гелева, а и Стефан Влахов-Мицов не смее да се заборави. И, толку.
Уште нив кога би ги затвориле, би било тоа медиумска идила. Тотален фашизам.
Но, историјата памети илијадници вакви насилни инженеринзи и тортури. Македонија не е прв пат нападната и обесправена. Ова нема да трае вечно.
Вечно ќе е само одбележувањето кој ќе е лик како Коте од Руља а кој ќе биде Веле Марков или Благој Јанков Мучето.
Во моментов се одвива пред жанмонеовското пазарење помеѓу ВМРО ДПМНЕ, СДС и Бејли. Со македонскиот народ нема да се пазарат, оти не можат. Него ГО УЦЕНУВААТ. Го уценуваат со судбините на родители на малолетни деца.
Монструми.

Текстот е на МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ  и е преземен од Дудинка

Линк: 

http://www.dudinka.org/%D0%B1%D0%B5%D1%98%D0%BB%D0%B8-%D1%81%D0%B4%D1%81-%D0%B8-%D0%B4%D0%BF%D0%BC%D0%BD%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82/

 

Facebook impact:

Објавено среда, 03 јануари 2018 10:00:00
Напишано од леонардо


Последни вести