ВИДЕО- Документарец на МТВ со фрапантни сведоштва на Македонците во Бугарија: Убија студенти поради тоа што пееја македонски песни

Документарец на Македонската Телевизија направен на почетокот на деведесетите години во Бугарија сведочи за однесувањето на бугарските власти кон македонското прашање.

img

Документарецот е снимен во 1990 година, неколку илјади македонци се собираат на Рожденскиот манастир во чест на Јане Сандански. Тие даваат фрапантни изјави и сведоштва за гоглотата и репресалиите низ кој поминале во Бугарија поради фактот што се самопределувале како Македонци.

-“58 година кога се формираа земјоделските задруги, истепаа многу луѓе, неколку убија поради тоа што не го даваа имотот. По нивите ги убија од насилна смрт. По 58 година нас македонците многу не прогонуваа, зборот македонец не даваа да се спомне. Ниту песни, ниту дружби”, вели еден македонец  во документарецот.

-Кога бев помлад  убија двајца студенти поради тоа што пееа македонски песни, сакаа да го сокријат убиството, а нас не уапсија и лежевме затвор затоа што организиравме потрега по телата на момчињата. Стално има предавници, мене ме предаде Кирил Којчев Томов. Лежев 9 години затвор затоа што се прикажував како Македонец вели Атанас Трајков Мирчев кој доаѓа од Петричките села.

Тој додава “се ликвидираа многу македонци. Во затворите не мачеа, јадевме се и сешто, птици се јадеa. И денес постои стравот” вели Мирчев.

“Мојата мајка почина од мачење. Ја тепаа во полицијата, се врати претепана и живееше уште една година. Денес започнаа со еден културен геноцид, не е како порано но други се методите. Истиот геноцид се врши и денес”, вели еден од присутните на Рожденскиот манастир.

Facebook impact:

Објавено недела, 23 јули 2017 08:33:00
Напишано од g0sh3