Пилешки гради во сос од нане

img

Состојки:

неколку листови од нане

2 лажици течен мед

2 лажици сок од лимон

2 парчиња. пилешки гради

салата за гарнир (каква и да е)

црн пипер, сол

Состојки за сосот:

150 г обезмастен јогурт

листови од нане

2 лажици рендана кора од лимон

Начин на приготвување:

Исцедете сок од лимон и исецкајте го нането на ситно. За да го приготвите сосот во сад помешајте го сокот од лимон, изрендана кора од лимон, исецканото нане, јогурт и една лажица мед. Сето ова добро промешајте го. Во друг сад додадете повторно сок од лимон, нане, сол и црн пипер. Во оваа смеса мариниранирајте ги пилешките гради, а потоа пржете ги во маслиново масло. Сервирајте го пилешкото на салатата за декорација и полијте го со сосот. Уживајте!

Facebook impact:

Тагови:

Објавено среда, 12 јуни 2013 20:15
Напишано од Биле




Барај

Последни вести