3 непотребни секс грижи кои ги има апсолутно секоја девојка

Кога водите љубов со вашето момче едноставено препуштете се на атмосферата и заборавете на овие работи бидејќи тој апсолутно не размислува за нив. Колку повеќе обрнувате внимание на овие работи толку повеќе ги правите ненамерно. Поради тоа ова се трите најнепотребни секс грижи кои речиси сите девојки ги имаат.

img

Како изгледате додека го постигнувате врвот 

Запаметете едно - тој е најсреќниот човек на светот поради тоа што ве довел до врвот, односно тој е горд со самиот себе и ужива во оргазмот. Вашето момче го возбудува секој облик на задоволство, но ако сè уште се чувствувате непријатно поради тоа, практикувајте секс во соба со свеќи каде играта со светла и сенки додатно ќе го зачине вашиот сексуален живот и потполно ќе се опуштите.

Се оптеретувате со сите ваши физички недостатоци

Доколку не му се допаѓате каква што сте тој сигурно не би бил со вас во тој момент. Мажите не го приметуваат целулитот, ниту вишокот килограми, ниту стриите, туку само жена која опасно ќе ги привлече. Меѓутоа, ако мислите дека тоа вас би ви помогнало, секогаш можете да облечете секси долна облека за да не се чувствувате несигурно.

Дали имате доволно искуство за да му пружите задоволство

Ја презедовте иницијативата и сега вие ќе заповедувате. Доколку не сте сигурни што посакува вашето момче , прашајте го и тој со задоволство ќе ви одговори. Покрај тоа, потенцирајте му да ви каже што најмногу му се допаднало, а после тоа вашата самодоверба веднаш ќе се зголеми. Но, искуството и не е толку важно колку што е важна хемијата меѓу двајца така што немате никаква причина за грижа.

Facebook impact:

Објавено петок, 06 октомври 2017 10:18:00
Напишано од емилија