7 знаци дека партнерот можеби ве изневерува

Доколку нешто ви кажува дека нешто не е во ред, постојат неколку знаци кои укажуваат на тоа дека можеби вашиот партнер има емоционална афера. Доколку го пронајдете вашиот партнер во неколку точки, тогаш се е јасно.

img

Доколку нешто ви кажува дека нешто не е во ред, постојат неколку знаци кои укажуваат на тоа дека можеби вашиот партнер има емоционална афера. Доколку го пронајдете вашиот партнер во неколку точки, тогаш се е јасно.

-  Вашиот сексуален живот драстично се подобри па опадна

Кога некој има емоционална афера која сеуште не се претворила во физичка, склон е на партнерот во кревет да му пружа или премногу или премалку. Секако, тоа се чувствува.

-  Ви делува оддалечено

Доколку вашиот партнер на некој начин пружа внимание на некој кој емотивно му значи, тој полека престанува со вас да разговара за секојдневните случувања и ви станува далечен. Неговата енергија преминува кон некој друг и ова е  еден од сигурните знаци дека вашата врска пропаѓа.

-  Неговото однесување кон вас се има променето

Вашиот партнер сега може секојдневно да ја фали својата нова опсесија, а вие тоа да не го знаете се додека не почне да ве критикува за некои работи кои порано дури и му се допаѓале.

- Поминува повеќе време на интернет

Доколку не ви испраќа пораки како порано а кога сте заедно не се одвојува од телефонот, тогаш е јасно. Тој знае дека тоа што го прави не е во ред, но доколку почнете да му приговарате, тој ќе ви рече дека сте само љубоморни, тогаш веќе е очигледно дека нешто не е во ред.

- Постојано разговара за таа личност

Ако постојано ја спомнува новата личност со нагасок дека му е само пријателка а на вам тоа ви пречи, нема дилема. Поготово ако упорно се брани и на секој начин ви дава до знаење дека тоа што го мислите не е точно.

- На нов начин води расправија

Некои работи ги слушате по прв пат во караница која сте ја имале милион пати, време е да се запрашате дали сакате да останете во оваа врска. Ако приметувате дека зборовите кои ги користи не се негови, многу е веројатно да новата личност го советувала некои работи во врска со вашиот однос.

-  Почнувате да се чувствувате дека сте вишок во врската

Доколку чувствувате дека веќе не сте број еден, дното во врската е сигурно. Некогаш чувството не ве лаже, колку и да се потпирате само на вашата интуиција. Поразговарајте со партнерот и видете на што сте.

Facebook impact:

Објавено недела, 08 јануари 2017 02:20:00
Напишано од Емилија