Ако сте го гледале „Педесет нијанси на сиво“, поголеми се шансите да го изневерите партнерот

Според истражувањето, во првите денови на прикажување на филмот, кој во кината стигна на 14 февруари, забележан е пораст на женски членови на онлајн-страниците за запознавање оженети мажи, и тоа за 33 отсто

img

Едно неодамнешно истражување открива дека меѓу жените што го гледале филмот „Педесет нијанси потемно“ постои поголема веројатност дека ќе ги изневерат своите партнери, а причината е многу интересна.

- Со првото продолжение на еротската трилогија се зголеми интересот за груб секс и употреба на секс-играчки меѓу женската популација. Со второто продолжение кај жените се зголеми интересот за дружење со друг маж - се наведува во резултатите од истражувањето, при што се додава дека токму тоа инспирирало илјадници жени да извршат неверство.

Но, тоа не е сè. Голем број испитаници откриле дека секс-сцените во филмот ги навеле на размислување колку нивниот сексуален живот е здодевен, па дури и очаен.

Токму тоа била една од главните причини зошто се одлучиле на неверство, стои во истражувањето.

Се вчитува прикажувачот на видео...

Facebook impact:

Објавено сабота, 25 февруари 2017 01:35:00
Напишано од elenaM