Побрзо би отвориле "Фејсбук" отколку да имаат утрински секс

Денешните мажи повеќе сакаат да се пробудат отворајќи Фејсбук и Твитер отколку со секс, покажала новата анкета која била спроведена меѓу 2.000 европејци. Дамите пак сакаат да го започнат денот со бакнежи и прегратки.

img

Доколку сте мислеле дека припадниците на посилниот пол повеќе сакаат да го започнат денот со физички активности, сте се излажале. Денешните мажи повеќе би сакале да се пробудат отворајќи Фејсбук и Твитер, отколку со секс. 

Од друга страна, жените сакаат да го започнат денот со бакнежи и прегратки. Но, за двата полови, на прво место е будењето со сончевите зраци кои влегуваат од прозорецот. Тоа е идеално будење речиси за сите, а дел од нив преферираат денот да го започнат со социјалните мрежи.

Сепак, најпопуларниот начин за започнување на денот е омилениот доручек. Многумина сакаат да се пробудат со омилената песна, а некои наутро сакаат да го прошетаат своето куче или да трчаат во парк. Но, секој десетти признавал дека наутро сакаат да го исклучат алармот и да продолжат да спијат.

Која и да е вашата рутина, научниците препорачуваат да уживате во неа бидејќи само така ќе бидете подготвени за се што ве чека во текот на денот.

Facebook impact:

Објавено недела, 08 октомври 2017 01:10:00
Напишано од емилија