Сè што не сте знаеле за пенисот

Машкиот полов орган навистина е чудо на природата. За него меѓу луѓето постојат цела низа урбани митови и легенди, кои заради неговото значење, заслужуваат да бидат демистифицирани. Значи, што сè може пенисот.

img

Мастурбирањето е најдобра вежба

Мастурбирањето навистина е здраво. Не, мажот не е никаков перверзник ако прстињата често му талкаат „кон југ“, велат експертите. Колку мажот помалку го користи својот „алат“, толку подоцна ќе има повеќе проблеми да го пушти во акција. Затоа нема причина да му приговарате што се занимава со своето тело, освен ако самите не планирате да му помогнете.

Алкохолот влијае врз перформансите

Ако неговиот сопственик испие премногу одредени делови од телото стануваат мошне млитави. Но, колку многу е всушност премногу? Околу три и пол пијалаци на секои 70 килограми маж. Секоја голтка над тоа ќе ја урне неговата „решителност“.

Сите пениси имаат „шав“

Сите мажи имаат линија која се спушта низ пенисот до тестисите која изгледа како шав. Се формира уште во мајчината утроба. Кај жените овој шав станува внатрешната усница на вагината, додека кај мажите го опфаќа мочниот канал по должината на пенисот.

Неможноста за ерекција укажува на болест на срцето

Лошиот ден на работа може да го убие расположението кај повеќето мажи, но ако состојбата никако не може да се поправи, би требало да посетат лекар. Еректилната дисфункција може да биде еден од знаците на срцевите и други болести како дијабетесот и зголемениот крвен притисок.

Собирањето не е мит

Студеното време и студената вода се смртните непријатели на пенисот! Тестисите мораат да бидат загреани за ефективно да произведуваат сперма и тестостерони. Значи, после буричкањето во студена вода, „онаа работа“ буквално се собира.

Пушењето не штети само на белите дробови

Пред следниот пат да зачадите една со утринското кафе, имајте предвид дека со секоја цигара способноста на вашето „милениче“ да стои исправено малку се намалува. Не е тајна дека пушењето ги запушува артериите вклучително и оние кои го полнат пенисот со крв во тој критичен миг. Тоа значи дека пушачите можат да имаат тешкотии со „дигањето“ одвреме-навреме. Дали по ова сознание ќе ја изгасите цигарата?

Пенисот има своја волја

Многумина се сомневаат во тоа, а сега имаат и доказ. Нервниот систем го контролира пенисот што значи дека ерекцијата може да се случи случајно. Утринската ерекција е резултат на мозочните импулси за време на РЕМ фазата од сонот.

На почетокот сите се исти...

Пораснатите пениси обично имаат околу 8 сантиметри во состојба на мирување и околу 15 за време на ерекцијата. Уште повеќе, кога ќе се возбуди мажот кој има помала „стартна позиција“ може да ја прошири на пропорционално поголема од некои навидум поголеми момци. Само внимателно делете ја со другите оваа информација – малку ваши пријатели ќе ја сметаат за утешна.

Закривувањата се вообичаени

Во состојба на ерекција голем број пениси можат благо да бидат свиткани на лево или на десно. Сепак, некои се драстично криви, а сексот е речиси невозможен. Тоа е познато како Перониева болест и се случува кога пенисот се шири рамномерно за време на ерекцијата.

Не го обвинувајте татко ви

Големината на пенисот, неговата дебелина и форма не се генетички условени. Всушност, тие се развиваат во матката за време на „дивеењето“ на машките хормони во фетусот. Ако сте незадоволни од она што го имате, не можете да обвините никој друг освен Мајката природа.

Мажите се програмирани да свршат брзо

Втората цел на оргазмот е репродукцијата, првата е секако уживањето. Еволуцијата предвидела мажите да имаат секс онолку долго колку што им е потребно за да ејакулираат. Всушност, 85 проценти може да ја завршат работата за три минути или помалку.

Да се биде „набиен со сила“ не е секогаш добро

Вијаграта сепак не е добра онолку колку што изгледа. Постојаната ерекција не е чудо, туку медицински проблем. Ако циркулацијата на крвта која ја одржува ерекцијата не се забави, тоа може до доведе до многу сериозни последици, како згрутчување на крвта.

Екстра големите кондоми се само за избрани

Само 6 проценти од мажите можат да се пофалат со фактот дека им е потребен екстра голем кондом. Со други зборови, 84 проценти од мажите бесрамно лажат.

Сините тестиси навистина постојат

Мажите навистина можат да имаат сини тестиси. Оваа појава технички се нарекува „простатичка конгестија“, состојба во која крвта се задржува во тестисите. Точно е дека „бисерите“ посинуваат за време на оргазмот, но тоа може да се случи и по туширањето или по пиењето аспирин.

Пенисот по бојата се разликува од другите делови на телото

Обично се потемни од остатокот од телото за кое се „закачени“. Зошто? Тоа е еден од процесите на сексуалното созревање, но и затоа што мажот за време на пубертетот добива свој посебен другар – својата десна рака. Колку повеќе мастурбирате, толку кожата ќе ви биде потемна.

Facebook impact:

Објавено вторник, 18 јули 2017 04:21:00
Напишано од Виолета