Дали сте спремни да го прифатите овој моден тренд?

Познатата модна куќа Баленсиага се прослави со лансирање на необични модели на чевли. 

img

По минатогодишниот модел на длабоки чизми, во висина на бедрата,  шпанскиот бренд отиде уште чекор понатаму и го претстави својот надграден модел.

Станува збор за чизми, кои одат до половината и се претвораат во панталони, а нивната цена е неверојатни 2.850 долари.

Иако на прв поглед изгледаат како многу практичен модел, кој може да го олесни облекувањето, не се знае дали таквите чизми ќе одговараат на некоја девојка која не е долгонога манекенка.

 

Facebook impact:

Објавено сабота, 30 септември 2017 05:21:00
Напишано од емилија


Последни вести