Драма во домот на Ражнатовиќ: Автобус се заби во куќата на Цеца

 

Синоќа, околу 23 часот, автобус удрил во куќата на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.

 

img

 

Повредените веднаш се згрижени, а причинета е поголема материјална штета.

Возачот најверојатно поради лошите временски услови изгубил контрола над возилото во стрмната улица. Се обидел да го запре автобусот, но не успеал во тоа и удрил во куќата на Цеца шри што се урнал еден столб.

Пејачката и нејзините деца во тој момент слушнале громогласен удар и истрчале да им помогнат, пренесува Блиц.

Повикале полиција и Итна помош која констатирала полесни телесни повредеи кај двајца патници.

Цеца се огласи за инцидентот кој се случи пред нејзината куќа.

-Најзначајно е што сме живи и здрави. Материјалната штета не е толку важна, тоа може да се надомести, но човечкиот живот нема цена, рекла Цеца за српски Блиц.

За среќа избегната е поголема трагедија, иако местото на несреќата изгледа страотно - стакло има на секаде, открорнати се две дрва и бандера.

Со брза реакција на полицијата, сето тоа е санирано.

Инаку, ова не е прв пат да се случи несреќа пред домот на Цеца.

Пред три година се случила слична несреќа кога возач на автомобил удрил во бандерата. 

 

Facebook impact:

Објавено среда, 11 јануари 2017 13:15
Напишано од Емилија



Барај