Славната пејачка открила што сè правела за да се прехрани

Пред да ја стекне славата како пејачка на групата “Pussycat Dolls” и девојка на возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, Никол Шерцингер немала живот од бајките.

img

Неодамна, таа открила што сè морала да прави со цел да го овозможи своето студирање и да ги оствари своите сонови. 

Никол изјавила дека нејзините родители не можеле да ѝ го платат школувањето, а за да може да студира, таа имала неколку поприлично лошо платени работи.

“Работев сè – од шминкање па до пеење опера во италијански ресторан. Додека студирав, бев најсиромашна, а понекогаш давав и крв за да добијам пари”, признава Шерцингер.

“Со денови знаев да јадам, да ги наречеме палачинки, во кои се додава само вода, но тие доволно заситуваа”. И покрај сè што поминала во животот, 39-годишната убавица е горда на своите корени и сè што правела за да ги оствари своите соништа. Исто така, таа признала дека е благодарна што ваквиот успех го стекнала сосема сама и ништо не ѝ “паднало од небо”.

Во интервју за “Cosmopolitan”, таа објаснила: “Никој никогаш не ми купил автомобил, ниту ми помогнал низ школувањето. Успехот ми е многу посладок бидејќи знам дека сама сум успеала во животот”.

Сепак, нејзиниот став кон парите никогаш не се променил, а таа признава дека пријателите поради тоа често се подбиваат со неа.

“Научив да ги ценам сите работи во животот. Знаат да се шегуваат со мене бидејќи сè уште сум внимателна со парите. Но, научив никогаш ништо да не земам здраво за готово”, вели таа.

 

 

 

 

 

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 12 септември 2017 03:17:00
Напишано од емилија