Трамп го доби својот деветти внук

Семејството на американскиот претседател Доналд Трамп се зголеми, тој го доби деветтиот внук, пренесе Би-би-си.

img

Синот на претседателот, Ерик, и неговата 34-годишна сопруга Лара, кои се венчаа во 2014 година, го објавија раѓањето на своето прво дете, момче по име Ерик Лук Трамп.

Ерик Трамп (33) објави фотографија на „Твитер“ од новороденчето, облечено во капа и заспано во ќебе.

Претседателот на „Твитер“ изјави: „Честитки за Ерик и Лара за раѓањето на нивниот син, Ерик Лук Трамп ова утро!“

Постариот брат на Ерик, Доналд Трамп Јуниор, кој има пет деца, се пошегува со својот брат: „Здраво, пријателе. Добре дојдовте во клубот.

Сестрата Иванка, која има три деца со сопругот советник на Белата куќа, Џаред Кушнер, честита: „Добре дојде на свет, момче. Не можам да дочекам да те видам“.

Facebook impact:

Објавено среда, 13 септември 2017 08:18:00
Напишано од емилија