Домашен лек за прочистување на белите дробови кај пушачите

Ако сте пушач повеќе од пет години, сигурно досега сте доживеале барем еднаш бронхитис, кој се карактеризира со посебна кашлица.

img

Најубаво е да се откажете од цигарите и да го продолжите животот барем за десет години. Ако не можете да го направите тоа, тогсш почнете да јадете кромид и лук, бидејќи тие се одлична превентива против малигни заболувања. Ѓумбирот исто така. Кукурмата изобилува со витамини и минерали, а содржи и лековити омега 3 масни киселини. Кукурмата има антивирусно, антибактериско и антиканцерогено дејство, затоа е пожелно да се користи во секојдневната исхрана.

Рецепт:

За подготовка на овој сируп за чистење на белите дробови ќе ви биде потребно

* 1кг кромид

* 1 литар вода

* 400гр шеќер

* 2 лажички кукурма

* мал исчистен корен од ѓумбир

Подготовка:

Во сад ставете вода, шеќер и ставете да се вари. Додадете чистен кромид, исечен на четвртинки и изрендан корен од ѓумбир, со големина на палец. Истурете ја кукурмата и кога ќе проврие, намалете ја температурата. Варете се додека не се намали течноста за два пати. Исцедете, истурете во стаклена тегла, а кога ќе се излади ставете ја теглата во фрижидер. Земајте по две супени лажици наутро на празен стомак и навечер два часа пред оброкот.

Facebook impact:

Објавено петок, 11 август 2017 08:30:00
Напишано од Виолета