ИНТЕРВЈУ со Ванковер Манчев: Три прашања за идните пратеници од Струмица

Ванковер Манчев е роден 1980 година во Скопје. Гимназија учел во СОУ „Јане Сандански“ во Струмица. Дипломирал на Медицински факултет – Скопје. Работи како лекар во приватни здравствени организации, а од 2011 година работи во ЈЗУ „Општа Болница“ Струмица. Од 2013 година започнува специјализација по болничка педијатрија. Учествувал на повеќе конгреси, како домашни, така и меѓународни. Има објавено три книги збирки поезија. Интервјуто направено за Радио Струмица Нет ви го пренесуваме во целост.

img

Радио СтрумицаНет: Зошто граѓаните да го дадат гласот за Вашата опција ?

Ванковер Манчев: Затоа што нашата политичка опција има создаден сериозен политички капитал кој ни дава легитимитет повторно да ја побараме нивната доверба. До сега се што сме ветиле, сме успеале да го оствариме, освен ако некаде не спречиле некои објективни причини. Ако се погледне детално, Отчетот кој го даваме пред секои избори, можеме да нотираме дека имаме реализирано илјадници проекти кои ги имаме ветено. Тоа ни дава за право повторно да ја побараме довербата од граѓаните.

Радио СтрумицаНет: Кои се проектите за Струмица и струмичко за кои ќе се залагате во Собранието на Република Македонија

Ванковер Манчев: За Струмица има многу да се направи. Би се залагал за повеќе проекти. Би ги издвоил проектите кои би биле насочени за здравствените работници и за здравствениот систем во целина. Бидејќи сум лекар по професија и таа ми е позната тематика и би инсистирал на такви проекти. Нормално, не би ги запоставил ни другите проекти кои се од секојдневниот интерес на струмичани.

Радио СтрумицаНет: Доколку би ја добиле власта, која е првата работа што ќе ја направите за Струмица?

Ванковер Манчев: Искрено, Струмица со оваа локална самоуправа е запоставен град во секој поглед. Во Струмица има многу работа. Би почнал од инфраструктурата, од јавната чистота. Не би можел да одвојам некој посебен проект. Би се зафатиле со повеќе работи истовремено, бидејќи на струмичани им требаат многу подобри услови за живот и имаат потреба од повеќе приоритети.

Facebook impact:

Објавено петок, 09 декември 2016 21:10
Напишано од Елена




Барај