Не прави утка, купи си на Гараж Сејл

Главната вест е дека по седми пат правиме чистка и вадиме се надвор! Дефинитивно секој  потрошувач води грижа за својот буџет, а во оваа категорија најчесто спаѓаат жените, кои буквално се радуваат на летниот Garage Sale. Овие искусни купувачи со нетрпение ги очекуваат престојните намалувања, затоа што знаат дека на тој начин ќе ги најдат сите посакувани производи од различен вид, по екстремно ниски цени. Доколку и вие се вбројувате во категоријата шопинголичари, тогаш продажната акција на трговскиот центар Рамстор, задолжително треба да биде во центарот на вашите случувања, од 17ти до 23ти август.

img

Што ако ви кажеме дека чевлите за кои што мечтаевте, обетките што совршено одат во комбинација со трендовскиот фустан, кошулата што идеално стои на новите панталони, подарокот со којшто ќе ја направите пресреќна вашата драга личност, телевизорот на којшто ќе ги гледате најновите епизоди од омилената серија, а и книгата што долго време посакувате да ја имате во личната библиотека, сега можете да ги купите, без чувство на грижа на совест? Токму така, шопинг лудилото Garage Sale е вашиот сојузник кон исполнување на желбите, без разлика дали посакувате да го обновите гардеберот, полицата со козметика, библиотеката, или пак домот.

Вртоглавите намалувања на производи од реномирани брендови, застапени во трговскиот, традиционално, седми пат по ред ќе го преполнат Рамстор со еуфорични потрошувачи, кои што по ваквото неверојатно шопинг искуство од трговскиот центар ќе заминат со раце преполни со кеси.

Пронајдете го среќниот момент, од вкупно седум денови од траењето на главниот шопинг настан Garage Sale, за да ја почувствувате позитивната енергија на квалитетното купување и за да си ги дозволите сите неопходности, сега намалени до дури 70 отсто.

Креирајте си долг список, имајте трпение, но и освежувње со себе, како и неизбежната поддршка од најдобрата пријател/ка, затоа што сега сите патишта водат до локацијата каде што големата шопинг манија, Garage Sale, ќе загосподарува со главниот град.

Среќно, шопингхоличари!

Facebook impact:

Објавено вторник, 15 август 2017 03:47:00
Напишано од Виолета


Последни вести

img

СВЕТСКИОТ ГОТВАЧКИ ВРВ ЌЕ СЕ НАТПРЕВАРУВА ВО СТРУМИЦА

Шеесетина врвни Master Chef судии и околу тристотина натпреварувачи и гости од цел свет, од утре ќе го отворат Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017. И по обемот и по квалитетот на имињата кои што нешто значат во светот на гастрономијата, овој настан е најголемиот кога било одржан кулинарски натпревар не само во нашата земја, туку и во поширокиот регион. Вториот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017, ќе се одвива од 24 до 28 октомври во Струмица, а домаќин ќе биде Хотелот Вила Парк. Големиот настан кој што е влезен во календарот на глобалните случувања од ваков тип, е во организација на Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија - ГастроМак, со логистичка поддршка од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот. 

img

Прилеп го одбележа државниот празник 23- ти Октомври

Годинава државниот празник 23 –ти Октомври Прилеп го одбележа скромно со положување на цвеќе на личностите кои го дале својот . По повод одбележувањето на државниот празник 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегација од локалната самоуправа на општина Прилеп и претставници од  политичката партија на ВМРО ДПМНЕ и Коалцијата положија свежо цвеќе пред споменикот на: Методија Андонов – Ченто, Пере Тошев и  Ѓорче Петров, а една делегација се поклони и положи цвеќе на гробовите на Пере Тошев, кој се наоѓа во црквата Св.Благовештение и на гробот на  Методија Патчев, во Кадино село. При оваа пригода градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески го истакна знaчењето на овој празник за македонскиот народ и ја потенцира важноста од зачувувањето на интегритетот и суверенитетот на Р. Македонија.