„Тиквеш“ исплати над 60% од средствата за откупеното грозје од последната берба

Заклучно со 15-ти февруари оваа година, до кога истекува законскиот рок за исплата на втората рата од средствата за откупеното грозје од последната берба, винарската визба „Тиквеш“ исплати близу 63% од вкупната вредност на откупеното грозје.

img

На ваков начин винарницата повторно го надмина законскиот праг кој предвидува до средината на февруари на лозарите да им бидат исплатени минимум 60 проценти од средствата за откупеното грозје.

“На ваков начин „Тиквеш“ го потврдува својот сериозен однос кон своите партнери-лозарите, овозможувајќи им навремено и квалитетно да ги реализираат сите планирани подготовки за новата винска сезона“, велат од винарската визба „Тиквеш“.

Минатата година, винарската визба „Тиквеш“ откупи околу 17,5 милиони килограми грозје со вкупна вредност од 263,5 милиони денари.

Facebook impact:

Тагови:

Тиквеш грозје

Објавено четврток, 16 февруари 2017 13:57
Напишано од Емилија




Барај

Последни вести