КАКОВ ПОЧЕТОК ТАКОВ КРАЈ НА СЈО

Не верувам дека кога било и од кого било може да биде заборавен холивудскиот, филмскиот почеток на работата на СЈО. Со прес-конференциски спектакли и со правни фестивали приредувани од трите актерки на стејџот, со полни усти политички аргументи, а без ниту еден издржан и полноважен правен доказ, со огромна желба за самопромоција и громогласни аплаузиод зад сцената дадени од будните набљудувачи, а всушностглавни фациво целово политичко сценарио, специјалните јавни обвинителки, оние најистурените, но и оние што не успеаа да се истакнат на сцената покажаа на дело како не треба да изгледа и како не треба да работи едно државно финансирано, професионално, стручно, независно и непристрасно тело, барем така се декларира во хартијата на законот.

img

И кога сме кај законот не може а да не се повтори вистината по илјадити пат дека добро познатиот по скратено Закон за специјалното јавно обвинителство е противуставен правен акт донесен со изместена правна содржина и со фалична правна форма, со многу правни недоследности, нелогичности, несистемски и лоши решенија, донесен воедна целосно нова, до сега невидена постапка во правната пракса на земјата. Македонската правна пракса не познава закон во кој е предвидено носител на толку одговорна и значајна јавна функција да биде биран на начин и во постапка како што е тоа утврдено за специјалниот јавен обвинител.

Да се потсетиме на членот 3 од законот каде стои дека „На предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието на Република Македонија, попретходна согласност на четирите политички партии со најголем број на пратеници во СобраниетонаРепубликаМакедонија, Советот по предлог на Собранието на Република Македонија, без објавување на јавен оглас, го избира јавниот обвинител, со мандат од четири години со право на повторен избор. Собранието ќе го утврди кандидатот за јавено бвинител со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои несе мнозинство, и ќе го поднесе до Советот на јавни обвинители на Република Македонија („Советот“)“.

Уште поголем правен преседан во земјата е направен со членот18 каде се вели дека„Јавниот обвинител се разрешува од функција пред истекот на мандатот поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата. Доколку Советот на јавни обвинители започне постапка за разрешување на јавниот обвинител, Советот на јавните обвинители во разумен рок ќедостави извештај за утврдената фактичка состојба и основите за разрешување до Собранието наРепубликаМакедонија. Извештајот ќе биде достапен на јавноста преку комисиите во Собранието на Република Македонија, освен доколку некоја од комисиите не го одложи или спречи објавувањето на дел и нацелиот извештај, доколку најде за потребно да се заштитат правата на секое лице наведено во извештајот, или да спречи недозволено влијание вокое било кривично гонење. Врз основа на доставен извештај од страна на Советот на јавни обвинители, на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието на Република Македонија, по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија, Советот по предлог на Собранието на Република Македонија, го разрешува јавниот обвинител. Собранието го утврдува предлогот за разрешување на јавниот обвинител до Советот на јавни обвинители со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство, и ќе го поднесе до Советот“.

Ќе се согласите дека и во член 3 и во член 18 недостасува уште реченица во која ќе се каже, иако тоа де факто е така, дека за изборот и за разрешувањето на специјалната јавна обвинителка е потребна согласност на четирите најважни амбасадори во земјата за да целата концепција на неуставното СЈО биде уште посложена и пофалична. Ваков нелогичен, тежок, атипичен правен вординг, како и уште поневообичаена постапка за разрешување наносител на јавна функција, во случајов главната специјалка Јанева од нејзината позиција, всушност, ја отвори Пандорината кутија на нејзината сега веќе целосно демаскирана „леснотија на раководењето“ со ова парадржавно тело.

Правниов преседан создаден по мерка и согласно потребатана странскиот налогодавач и сценарист на целава политичка хајканасочена исклучиво против функционерите на ВМРО-ДПМНЕ е создадена со цел Јанева да може да направи крш со единствената Македонска партија во земјата што успеа да ги заштити најважните државни и национални интереси. Ваквите законски решенија, целокупната приложена работа и актива на СЈО во изминативе 18 месеци, најавената од Заев „реформа“ со наслов генерален реизбор на судии секако спротивно на Уставот нема да ја подобрат правната држава и владеењето на правото во земјата. Оттука, погледнато од дистанца и со објективна диоптрија е дека станува збор за тотално неодржливо и невистинито тврдењето на новата влада на чело со Заев дека заедно со странските експерти ќе биле целосно посветени кон вградување на европски стандарди во македонското судство и обвинителство. Европските стандарди, ама оние вистинските не може да истолерираат ниту еден член од постојниов и актуелен Закон за СЈО, и ниту еден предмет срочен од нашиве специјалки. Овој закон е со многу „бангладешки норми“ што немаат ама баш никаква врска со европските стандарди во обвинителството, а предметите „подготвени“ од СЈО вриштат од политика и политикантство небаре ги пишувале „експертите“ од СДС после испиена трета жолта.

Второ, ајде да ги видиме случаите што СЈО се обиде неуспешно да ги отвори, и уште понеуспешно да ги затвори. Со целата странска интервенција и помош, со милионски народни пари наменети очигледно за големо чаламење и непродуктивно трошење, со едно чудо сценарија и фешти, СЈО се најде во небрано и во последната минута од својот рок за поднесување обвиненија реши да испука 18 обвиненија против 94 лица во стилот на Роналдо. Демек во последната минута ве фативме со спуштени пантолони. Ако се разгледаат обвиненијата барем според она што и е достапно на јавноста може да се забележи дека за голем дел од лицата опфатени во обвиненијата СЈО побарал од Судот да изрече мерка притвор без за тоа да постои ниту една аргументирана причина. Со оглед дека притворот по правило се предлага додека трае истражната постапка, а за покренатите обвиненија истрагата е одамна завршена, се поставува многу логично прашање-зошто му е притвор на СЈО за најугледните функционери на ВМРО-ДПМНЕ во оваа фаза од постапката, или ако го прошириме прашањето пред одморите кога е најавена посета на Нимиц, повторно Хан, а можна е и посета на некој висок претставник од американската администрација кои би дошле да затворат едно единствено важно прашање за нив-прашањето за нашето уставно име? Во својот познат стил на политичко парадерство без никаква мака, СЈО на последната прес-конференција изнареди толку многу тешки квалификации против клучни и раководни луѓе на партијата ВМРО-ДПМНЕ без тронка почит кон основните начела на кривичната постапка, пресумпцијата на невиност, тајноста на постапката, објективноста, акузаторноста во постапката, но најважно од се без да го има предвид фактот дека СЈО не е суд кој може да цени дали е некој виновен или не, туку само обична странка во постапката која врз основа на издржани и валидни докази треба во судската постапка да ја докаже својата увереност за вината на одредени лица и за нивната кривична одговорност. Во ниту еден случај од фамозните „Т“ предмети СЈО не беше на ниво на задачата. Во ниту еден случај не успеа со факти, со недвосмислени докази да посочи вина кај кое било таргетирано лице од широката лепеза функционери и челници на ВМРО-ДПМНЕ. Единствено што видовме од досегашната работа на СЈО е главниот таргет на овој орган-да се уништи од корен партијата ВМРО-ДПМНЕ и да му се олесни на Заев и неговата „реформска“ влада без поголем проблем и со целосна доминација на просторот да ја дораскрчмат Република Македонија, да го доуништат македонскиот идентитет и да го пеплосаат нашето вековно име. Сценариото е тоа. Фазата што ја гледаме во моментов е да се освои целосна контрола на се и над сите што на терен се спротивставуваат на планот за национално погибије. Сатарот виси над сите што не мислат како Заев, односно како неговиот господар. Втерувањето страв во коски треба да биде последната етапа од големото финале на ова риалити шоу што му се случува на Македонецот. Затоа е тука СЈО со целата ергела репресивни и принудни механизми што си ги избира слободно и со голема страст.

Стравот и треба на „реформската“ влада за да Македонецот побрзо заборави што е и кој е, за да заборави што се вети Заев пред изборите што несомнено нема шанса да го реализира во овој живот, да заборави како се самоидентификува и демократски разликува од другиот(те). Стравоттреба да е тука за да во наредните неколку месеци ние Македонците се занимаваме со периферни теми кои ќе треба да ни го држатвниманието далеку од последната, но најглавна тема на мастер планот на господарот на Заев-бришење на Македонецот од европската карта на народи и на Република Македонија од европската карта на држави. Еднаш за секогаш.

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 30 јуни 2017 08:40:00
Напишано од Виолета


Последни вести