Автохипноза

Постарите генерации сигурно се сеќаваат на антологиското дело од југословенската кинематографија, „Се сеќаваш ли на Доли Бел “ , и на брилијантната улога на тогаш младиот и надежен Славко Штимац кој глумеше пубертетлија на прагот на момчештвото и неговите напори да влезе подготвен во светот на возрасните.

img

Во главата ми е врежана репликата кога тој си држеше огледало во раката во кое се гледаше и ја повторуваше следнава мотивациска реченица, „ Свскаога дана, у сваком погледу, све више напредујем“ или ти секој ден, во секој поглед се повеќе напредувам! И секој пат кога гледам настап на кој и да е од опозицискиот блок, последниве 2 и кусур години, ми текнува на репликата.

  Еве, и Заев сега сакал избори. Брзи. Во Октомври. На кои ќе победел зошто секој ден во секој поглед се повеќе напредува. Секако тоа го кажуваат и рејтинзите од неговата фиока, недостапни за било друг на планетава. И Левица слушам си повторувале, секој ден, во секој поглед се повеќе напредувам, и станале трета политичка сила. Анархисти кои сакаат власт?!?! Така рече дечкото на Телма, и тој секој ден во секој поглед се повеќе напредува.

   Автохипнотички и окуражителни беа и сите други слогани на „револуцијата“. Тие  Доаѓаа, Дојдоа, Беа тука и си отидоа. Па и „народот“ кој секој ден во секој поглед се повеќе напредува исто излезе на улица. Сите 264 души. Што ни отвара можност за брз попис зошто не знаев дека одселувањето земало толкав замав па останале тие 264 души во цела Македонија. Битно секој ден, во секој поглед, се повеќе напредуваат. И додека СДСМ се обидува со автохипноза да создаде ерекција во сопствениот млитав политички пенис, Народот, оној вистинскиот, кој сака ред и поредок, кој знае дека не постои арт експресија во гнасењето на еден град, кој е нервозен на раскрсниците зошто некој решил секој ден во 12.00 да му дава бесплатни лекции по демократија, тој народ ги гледа од страна и им се смее. Тој народ е гневен за секојдневните штети кои овие садисти и ги нанесуваат на Македонија и нејзините жители. Но тој народ е трпелив и мудар. Чека избори. Избори на кои ќе му го плеснат  в лице резултатот на оваа автохипноза на СДСМ. Избори по кои Заев и СДСМ ќе морат да застанат голи пред огледало и да признаат дека политичка ерекција нема и дека поликолорот е лажен ејакулат во погрешна боја.  По тие избори, СДСМ ќе мора или повторно да стане политичка партија, или да ја снема. Затоа, ако ви е толку јак рејтингот, ако е овој стварно готов, ако се што направило ВМРО е лошо и грешно, ако се крадци и лажговци, ако НАРОДОТ навистина дојде по своето и обожува да му се поганат градовите, ако се ова е точно а не автохипноза, АЈДЕ ДРУГАРИ НА ИЗБОРИ !

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Пишува: Алекс Ванко

Филозоф, писател, аналитичар

Тагови:

Facebook impact:

Објавено сабота, 04 јуни 2016 05:09:00
Напишано од виолета


Последни вести