Инцидент во скопска кафеана: Не му се допаѓала музиката, па го нападнал газдата

Според информации на МВР, во угостителски објект на улицата „Драган Ѓокановски Шпато“, околу 22 часот физички бил нападнат сопственикот на објектот.

img

Имено, В.К., поради незадоволство од постоечката музика во објектот, физички го нападнал пријавителот удирајќи го со тупаници по главата од кои Ј.Е. паднал на подот и се стекнал со видливи повреди, црвенило и оток на челото, посекотина на носот и гребаница и подлив на тилот.

 

Полицијата презема потребни мерки за расчистување на случајот.

Facebook impact:

Објавено четврток, 09 ноември 2017 03:09:00
Напишано од емилија