Маж каснат од куче

Четириесет и пет годишниот А.С. од Демир Капија вчера околу 12:30 часот додека се движел по ул.„Партизанска“ во градот бил соборен на земја и каснат од куче, домашен миленик.

img

Кучето било сопственост на Љ.Д. (59) од Демир Капија, а истото го каснало А.С. за левата нога во пределот на потколеницата.

Веднаш потоа А.С. го пријавил случајот во Полициската станица во Демир Капија.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 07 февруари 2018 10:19:00
Напишано од емилија