Пронајден мртов маж во Прилеп

Во објектот на поранешно инфективно одделение на болницата  во Прилеп вчера е пронајдено починато лице, соопшти полицијата.

 

img

Смртта била констатирана од страна на лекар од ИМП, а увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на прилепската полиција. Констатирано дека најверојатно се работи за лицето П.М. (26) од Прилеп.

По наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Facebook impact:

Објавено недела, 08 јануари 2017 00:00
Напишано од elenaM



Барај