„Сите во воздух ќе ве кренам“, закана на скопскиот аеродром

На ТАВ Аеродром Александар Велики-Скопје, вчера вечерта на телефонот за информации, со кој оперирала вработена во ТАВ инфо-служба, од страна на засега непознато лице добила анонимен телефонски повик со закана.

img

По добивање пријава за настанот, полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот.

Неофицијално лицето се заканило со зборовите „Сите во воздух ќе ве кренам“.

-Од страна на ИТ – службата на ТАВ бил утврден телефонскиот број од лицето кое се заканувало. Од страна на полициски службеник остварен е контакт со лицето и при разговорот истото одбило да го каже својот идентитет и продолжило со истите закани, информираат од МВР.

Од полицијата преземаат мерки за расчистување на настанот.

Facebook impact:

Објавено недела, 23 јули 2017 11:31:00
Напишано од емилија