Скопјанец почина во несреќен случај во Крушево

Седумдесет и осум годишниот скопјанец Н.К. го загуби животот во несреќен случај.

img

поред информациите од полицијата вчера околу 10 часот во Крушево, Н.К. го тргнал каменот кој бил под тркалото од автомобилот со кое го осигурал возилото од движење по надолнина, но тогаш возилото се придвижило. Скопјанецот се обидел да го сопре автомобилот, но паднал и се удрил на скалите од соседната куќа.

На пат кон прилепската болница скопјанецот им подлегнал на тешките повреди.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата во присуство на јавен обвинител по чија наредба телото е предадено на семејството за погреб.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 25 јули 2017 10:17:00
Напишано од емилија