Спречено криумчарење 12,5 килограми марихуана на Табановце

Полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Север вчера на граничниот премин Табановце спречиле обид за криумчарење марихуана на излез од Македонија кон Србија.

img

Како што соопшти полицијата, во 22 часот на „Табановце“ дошле М.С. (30) и К.Г. (31) со патничко возило „Опел Астра“, двајцата од Скопје. По граничните проверки, биле повикани на дополнителна контрола при чие спроведување, под задните тапацири во возилото, е пронајдена марихуана во 25 пакувања од по околу 12,5 килограми.

Лицата се приведени и предадени на инспектори од МВР при СВР Куманово за натамошна постапка, а од страна на крим-техника е извршен увид и документирање на настанот.

Facebook impact:

Објавено четврток, 20 јули 2017 02:09:00
Напишано од емилија