Трагедија: Еден загинат и двајца повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Миладиновци

Вчера во 09,05 часот на локалниот пат с.Марино- с.Миладиновци, во близина на крстосницата со локалниот пат за с.Кадино-Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило„Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(1969) од с.Миладиновци-Скопје, и патничко моторно возило „Фиат Браво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(1980) од Кичево.

img

Во незгодата од здобиените тешки телесни повреди на местото на настанот починал возачот на  „Голфот“-С.С., додека возачот на „Фиатот“ Д.П. и сопатникот од истото возило В.Ј. (1985) од Струмица, се пренесни во УЦ-Скопје, каде кај Д.П. се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување, додека В.Ј. се здобил со телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвините и екипа од СВР-Скопје.

По наредба на ЈО, телото на починатиот е пренесено во Институтот за Судска Медицина за обдукција.

Facebook impact:

Објавено недела, 26 февруари 2017 02:34:00
Напишано од Емилија