Десетици милиони евра инвестиции во патна и комунална инфраструктура во населените места во Општина Прилеп

Во периодот од 2005 до 2017 година Општина Прилеп инвестираше десетици милиони евра за подобрување на квалитетот на животот во сите населени места кои се наоѓаат на нејзина територија. 

img

Дел од населените места за прв пат добија асфалтни патишта, се изградија нови водоводи, канализациони системи, се реновираа скоро сите училишта, а за прв пат во историјата се отворија и детски градинки. Се изградија нови паркови, детски и спортски игралишта.

                                                                                                           

До 2005 година населените места беа буквално заборавени од сите. Инвестициите во нив беа мислена именка, а селата беа како отсечени од цивилизацијата, оставени буквално сами на себе. Се што беше направено во населените места беше старо со децении и пред распаѓање. Токму поради тие катастрофални услови за живот и лошо водените политики имаше огромна миграција од населените места. Дел од селата за жал сега останаа комплетно пусти, а во дел живеат само уште по неколку жители.

 Претходната Владазаедно со локалната самоуправа за овие 12 изминати години се потруди селата во нашата Општина да станат пристојни места за живеење, а квалитетот на животот таму да не се разликува драстично од оној во урбаните средини. Се инвестираше буквално во сите сфери од општественото живеење, а во рамките на нашите можности како локална самоуправа беа реализирани и решени најголемиот дел од проблемите со кои се соочуваа жителите.

 Би сакал да започнам со инвестициите во патната инфраструктура кои се едни од најкапиталните проекти за нашата Општина.

 За прв пат во периодот од 2005 до 2016 година изградени и асфалтирани се 13 општински патни правци до населените места :

Канатларци – Подмол, должина од 5 км, инвестиција од 20 милиони денари

Пат до Големо Радобил,  должина 4,5 км, инвестиција од 20 милиони денари

Се изврши рехабилитација на патот Тополчани - Канатларци, должина 6 км., инвестиција од 20 милиони денари

 Пат од Подмол до Лопатица, должина 3,5 км, инвестиција 14 милиони денари

 Пат Веселчани-Боротино, должина 1,5 км. инвестиција 7 милиони денари

 Се изгради пат до н.м. Бонче  во должина 3 км., инвестиција од 16 милиони денари

 Н.м Штавица доби асфалтен пат во должина од 1 км. инвестиција 5 милиони денари

 Се инвестираа 12 милиони денари за патот до Дуње, во должина 3,1 км.

 Се асфалтираше патниот правец од Беровци - Галичани, во должина од 1,2 км, за што беа инвестирани 5 милиони денари

 Клепач - Ерековци, должина од 2,6 км., инвестиција од 16 милиони денари

 Алинци - Шелеверци,  должина 2,5 км., инвестиција од 17 милиони денари

 За прв пат асфалтен пат се изгради и до „Маркова чешма“ во должина од 1.4 км. за што беа инвестирани 10 милиони денари

 Асфалтен пат доби и населеното место Волково, во должина  4 км, инвестиција од 24 милиони денар

Асфалтен пат за прв пат во историјата доби и селото Манастир во Мариово во должина од околу 3 км, инвестиција од 16 милиони денари

 Се реконструираше патот Прилеп – М. Брод, инвестиција од 77 милиони денари

 Исто така се реконструираше патниот правец Прилеп – Крушево, за што се инвестираа 70 милиони денари

 Нов асфалт доби и патниот правец Ново Лагово- Кадино Село во должина од 7 км., инвестиција од 45 милиони денари

 Лани започна асфалтирањето и реконструкцијата на стариот пат за Битола, од Прилеп до Тополчани, во должина од 4,3 км, за што се инвестираа 10 милиони денари

 Започна реконструкција на патот Боротино – Ново Лагово. Овој патен правец досега е реконструиран до Кадино Село, а треба за брзо време да се продолжи со реконструкцијата до Ново Лагово

 Патни правци без изградени и до познајчаните манастирски комплекси кај нас, со што се придонесе за развој на т.н. манастирски туризам, кој токму поради патната инфраструктура секоја година во Прилеп носи илјадници туристи. За прв пат во историјата се изградија патишта до манастирите :

-        Трескавец“, во должина од 7.5 км. инвестиција од 111 милиони денари

-       Се изгради пат до Манастирот „Св. Димитрија“ во н.м Селце, должина 2.2 км. за што беа инвестирани 9 милиони денари

-       Асфалтен пат доби и манастирот „Света Петка“, кај селото Лениште во должина од 1.2 км, инвестиција од 6.6 милиони денари

 -       Исто така за прв во својата историја асфалтен пат доби и манастирскиот комплекс Св. „Преображение“ – Зрзе во должина 7.5 км. за чија изградба беа инвестирани98 милиони денари.

 -       Освен локални патишта во изминатиов период од 12 години во населените места беа изградени и голем број на улици :

 

 -  Во Големо Коњари беа изградени улици во должина од 3 км. вредни 15 милиони денари

 -       Нови асфалтирани улици доби и соседното населено место М. Коњари, во должина од 1.5 км кои чинеа 5 милиони денари

 -       Во должина од 1 км. се изградија и улици во Ново Лагово, инвестиција од 3 милиони денари

 -       Населеното место Селце исто така доби нови асфалтирани улици во должина од околу 1 км. инвестиција 2.5 милиони денари.

 -       Во Галичани се асфалтираше површина со должина од околу 600 метри, за што беа потрошени 1.8 милиони денари

 -       Во Канатларци се асфалтираа улици со должина од 2 км. за што пак беа вложени 3 милиони денари

 -       Кадино Село доби асфалт на околу 1 км. кој ченеше 3 милиони денари и Мажучиште каде се асфалтираа улици во должина од 600 метри, инвестиција 1.8 милиони денари

 -       А беше реконструирана и главната улица во н.м. Тополчани

 Значи вкупно за 12 години до и во населените места изградена е патна инфраструктура во должина од околу 105 км., а за тоа се инвестирани над11 милиони евра.

 Во наредниот период е предвидена изградба на следните патни правци за што веќе е подготвена техничка документација :

 -       Волково  - Прилепец 

 -       Пат до с. Дабница

 -       Оревоец – Крстец

 -       Подмол – Бонче

 -       Полчиште - Бешиште

 -       Асфалтен пат ќе биде изграден и до селото Марул

 -       Исто така со асфалтен пат предвидено е да се поврзи селото Канатларци со селото Добрушево, во соработка со соседната општина Могила

 -       И доколку се обезбедат средства ќе се започне со реализација на еден од покрупните проекти изградбата на патот Дрен  - Смолани

 Или вкупно во наредниот период се планира да се асфалтираат локални патишта во должина од околу 40 км., за што се планира да бидат инвестирани околу 260.000.000 денари или околу 4,3 милиони евра, кои би се обезбедиле од разни достапни фондови и сопствениот буџет на Општината.

Во изминатиов период Општина Прилеп освен во патна инфраструктура доста инвестираше и во изградба на канализациона и водоводна мрежа во повеќе населени места. За 12 години на оваа локална самоуправа за прв пат во историјата се изградија водоводни системи до повеќе населени места :

 -       Ерековци

-       Канатларци

-       Подмол

-       Клепач

-       Чепигово

-       Тројкрсти

-       Загорани

-       Веселчани

-       Штавица

-       Чумово

-       Лениште, манастир Св. Петка

-       Кадино Село

-       Село Манастир во Мариово

 Нови бунари се ископани во населените места Алинци и Големо Коњари.

 Во наредниот период се планираизградба на нови водоводни системи во : Канатларци, каде треба да се избуши нов бунар, водовод би добил манастирот Трескавец, манастирот Свети Димитрија во с. Селце, а водоводи треба да добијат и населените места Бонче, Дуње и Чаниште.

 За сите овие водоводи инвестирани се неколку десетици милиони денари.

 За прв пат во историјата примарна канализациона мрежа се изгради и во населените места :

 -       Мало Коњари, Големо Коњари и Канатларци. За изградбата на овие канализациони системи беа инвестирани околу 60 милиони денари денари.

 Во иднина се планира изградба на секундарна канализациона мрежа, за која веќе е подготвена техничка документација, во следните населени места :

 -       Селце

-       Мажучиште

-       Тополчани

-       Ерековци

-       Ново Лагово

-       Галичани

-       Чепигово

-       и Кадино Село

 

Но ние како локална самоуправа нема да застанеме тука и понатаму ќе продолжиме со инвестиции и со подобрувањето на квалитетот на животот во сите населени места. Нашата цел како Општина е овие населени места да ги добијат истите услови за живот како што ги имаат и жителите на градот Прилеп.

Facebook impact:

Објавено среда, 06 септември 2017 03:10:00
Напишано од емилија