Поплавени населени места во општина Демир Хисар

Обилните врнежи од дожд предизвикаа големи оштетувања и поплави кои зафатија повеќе населените места на територијата на општина Демир Хисар.

img

Градоначалникот на општина Демир Хисар Марјанче Стојановски информира дека синоќа во соработка со месното население во Горни Демир Хисар и ЈКП „Комуналец”- Демир Хисар, го расчистиле свлечиштето што го прекри со кал локалниот пат во село Вирово, а пружена е помош во санирање на последиците од поројните дождови и на патот за селото Мало Илино.

Водостојот на реката Црна е зголемен кај селата Долеци и Бучин каде е ресгистрирано излевање на водата од речното корито, ново свлечиште е регистрирано во непосредна близина на селото Базерник, а внимателно треба да се вози и на патниот правец Граиште-Будаково, посочуваат од општина Демир Хисар.

Во текот на денот екипи на комуналното претпријатие од Демир Хисар ќе ги санираат последиците и ќе вршат заштита на речното корито на реката Црна од нови излевања, а екипи што го одржуваат уличното осветлување ќе извршат санација и повторно вклучување во неколку демирхисарски села.

Од оддлението за управување со кризи во Битола за МИА потврдија дека реката Црна во битолскиот дел на Пелагонија не предизвикала никакви проблеми, водостојот е стабилен и дежурни екипи ја набљудуваат состојбата на речното корито.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 05 февруари 2018 10:21:00
Напишано од емилија