Прилеп ќе селектира и стаклена амалажа

Во соработка со колективниот постапувач со отпад од пакување „Пакомак“ и Општина Прилеп, ЈКП „Комуналец“ - Прилеп, постави 15-тина специјализирани контејнери за собирање на стаклена амбалажа.

img

Повеќето контејнери се лоцирани околу угостителските објекти и централното градско подрачје, каде се проценува дека заради кафулињата и кафеаните се одлагаат поголеми количини на стаклена амабалажа.

Специјалните, игло контејнери за стаклена амбалажа, ќе бидат посебно обележани и ќе ги има на следните локации:

  • Пункт Могила / хотел Салида ,

  • Хотел Кристал Палас,

  • Пункт Градски пазар кај џамијата,

  • Кај ООУ „Кочо Рацин“ до контејнерите за селекција од предна страна кај  градски пазар,  

  • Пункт Градски пазар од кај нова катна гаража,

  • Пункт кај тринаесет катницата,

  • Кај Старо радио Прилеп или сегашно Лукас,

  • Пункт Здравствен дом или уред,

  • Во Точила под ООУ „Блаже Конески“ до бетонската ограда за цела населба,  

  • Кај хотел Липа, последен пункт до барака пошта,

  • Ул. „Димо Наредникот“ за цела населба кај мостот,  

  • Пункт кај мост стара автобуска,

  • ЦК „Марко Цепенков“,

  • Пункт зграда „Табана“ пред мостот и пункт на ул. „Александар Македонски“, прв пункт од кружен тек.

Со вака поставениот принцип на интегрирано управување со отпад Oпштина Прилеп  ги исполнува законските обврски и придонесува за зачувување на животната средина.

„Општина Прилеп е единствен град каде со сопствени средства од ЈКП „Комуналец“ се спроведува примарната  селекци, а во тек е изградбата на хала, со набавена линија за селекција на отпад со што во целост ќе се   реализира  секундарната селекција  во општинава“, рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Покрај оваа активност од наредната недела  ЈКП „Комуналец“ ќе почне и со распределба на канти за отпадоци за домаќинствата во населбата Тризла.  Веќе се набавени нови 1.000 корпи  во зелена боја за одлагање на комунален отпад и жолти канти за селектиран отпад. Инаку досега во општинава се распределени  20 илјади канти за селкција на отпад со вкупна инвестиција од  24 милиони денари.

Прилеп преставува единствен град во Македонија каде се спроведува селекција на отпад во домаќинства, или таканаречениот принцип „врата до врата“.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 13 септември 2017 03:29:00
Напишано од Виолета