Граѓаните денес, за разлика од времето кога СДСМ беше на власт, имаат целосна контрола во трошењето на нивните пари

Граѓаните денес, за разлика од времето кога СДСМ беше на власт, имаат целосна контрола во трошењето на нивните пари. 

img

Буџетот се носи во максимално транспарентна постапка, а на веб страната на Министерството за финансии ги има сите можни статистики за јавните финансии. Прегледи за јавниот долг има на месечна основа исто како и месечни прегледи на расходите и приходите. Во време на предизборието на веб страната на Министерството за финансии на дневна основа се објавуваа сите расходи.

Министерството за финансии во повеќе наврати објаснуваше дека тие табели и објави се направени согласно методологијата на ММФ.

Меѓутоа СДСМ во исто толку наврати се правеше слеп и глув бидејќи фактите и вистината не значат ништо во Фабриките за афери на Чауш и СДСМ за фалсификување пасоши, банкарски налози, бројки на иселени, фантоми и други статистички категории.

Она што не е објавено јавно на страницата на Министерствоо за финансии, а граѓаните треба да го знаат е дека речиси половина од јавниот долг е направен во време на СДСМ, а тие милијарди евра се исчезнати пари кои само економските генијалци за раскрчмување на земјата од СДСМ знаат каде се.

Она што сите го знаат е дека овие пари во времето на СДСМ сигурно не се потрошиле за вложување во инфраструктура, болници, училишта, студентски домови, градинки, спортски сали и игралишта, субвенции за земјоделци, за студенти, за пензионери.

Тоа е делото на СДСМ кога е на власт. Кога е во опозиција СДСМ дава се од себе за Македонија да биде во состојба на криза, да нема економски просперитет и отворање на нови работни места, односно подобар живот за граѓаните. СДСМ се води по една максима: „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“.

За нивна несреќа, а за среќа на Македонија и македонските граѓани, дури и во состојба на постојани кризи и сопки во кои учествува СДСМ, благодарение на програмата на ВМРО-ДПМНЕ со конкретни проекти и мерки кои се реализираат и кои добиваат масовна поддршка од граѓаните, дојдовме до рекордно ниско ниво на невработеност и бројни странски инвестиции, вложувања во инфраструктура, здравство, земјоделие, образование.

Ете затоа СДСМ е во опозиција веќе 11 години и таму и ќе остане бидејќи освен лагите и манипулациите од нивните Фабрики за афери нема ништо да им понуди на граѓаните.

 

Facebook impact:

Објавено среда, 11 јануари 2017 02:14:00
Напишано од Виолета