Жерновски за четири години потроши 100 милиони евра за буквално нерационални проекти

ВМРО-ДПМНЕ и денеска имаше панел дискусија, панелот беше насловен „Општина Центар стагнира, Жерновски доказ за неспособноста на СДС“. Советникот во општината и поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар, Томислав Лазаров кажа дека овој наслов го избрале затоа што во изминативе четири години биле потрошени 100 милиони евра пари на граѓаните, за бувкално нерационални проекти, освен градинката во Капиштец, која била изгласана од претходниот состав на советот.

img

-Еден објект од суштинско значење да изградите со толку многу пари е премалку за општото добро на граѓаните. Самата програма која беше на Андреј Жерновски, беше еден обичен памфлет, рекламен материјал кој не може да се нарече реклама за четиригодишен мандат, но и како таков ќе напомене дека не е реализиран ни половина. Сите работи кои што беа ветени во т.н. програма, нема суми колку тоа би чинело, ниту временски рок на завршување, изјави Лазаров.

Лазаров смета дека доколку граѓаните знаеа дека една Боемска улица би чинела 700 илјади евра тие сигурно немале да му ја дадат поддршка. Цената на улицата изнесува по 2.700 евра метар квадратен, што е три пати повеќе од квадрат за станбен простор.

-Парите за овој четиригодишен мандат се трошеле пред се нерационално и недомаќински. Исто така би сакал да истакнам уште една работа за споредба, тоа е паркот во Капиштец, тоа е парк на почетокот изгледаше дека е стварно убаво и хортикултурно уреден, за подоцна да видиме дека сето тоа било само една обична маска, бидејќи за многу кратко време паркот благо кажано се доведе во една многу очајна состојба, изјави Лазаров.

Тој кажа и дека 500 илјади евра кои биле дадени за паркот отидоа во неповрат.

Се вчитува прикажувачот на видео...

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 16 август 2017 07:16:00
Напишано од Емилија