Дождот го прекина фијаското на Владата, штетата е огромна: Заев загубен, Николовски на плажа

Најголем дел од пожарите кои беснееја во Македонија се изгаснати благодарение на дождот кој врнеше во текот на ноќта и утринава, со што се потврдува дека временските услови ќе им помогнат на граѓаните, наместо институциите и владата предводена од Зоран Заев.

img

Додека владините министри и директори, на чело со надлежниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски се сончаат на песочните плажи, граѓаните апелираа и бараа помош со цел спас на шумите и нивните куќи.

Според последните информации по врнежите кои од утрово ја зафатија територијата на земјата, најголем дел од пожарите кои беа активни се изгаснати,

Активни се уште се пожарите во близина на манастирот Трескавец и населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село. Пожарот во близина на селата Крушевица и Бонче, како и пожарот кај село Никодин.

Шумскиот пожар во атарот на село Норово е под контрола, а пожар се уште гори на местото Фрлогоец (Женска планина) на Бистра Планина.

Тагови:

Фијаско Влада

Facebook impact:

Објавено недела, 13 август 2017 01:22:00
Напишано од Емилија