Намалена видливоста на Стража и Ѓавато

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а поради појава на магла видливоста е намалена до 100 метри на планинскиот премин Стража и на 30 до 40 метри на планинскиот премин Ѓавато, информира ЈП Македонија пат.

img

Снег врне во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, Македонски Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Од ЈП Македонијапат посочуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуват низ клисурите и усеците.

 

Facebook impact:

Објавено вторник, 13 февруари 2018 12:14:00
Напишано од емилија