Останале заглавени на жичарата на Маврово на -12 степени! Морале да скокнат од 3 метри височина

Од три метри висина скокале во снегот во Маврово бидејќи останале заглавени во жичницата на рекордно ниските температури. Оваа драма се одвивала денеска во скијачкиот-центар Маврово, а ја раскажува момче кое сака да остане анонимно, за Телеграф.мк.

img

„Од три метри висина скокнав во снегот, не се издржуваше од што беше ладно. Мислам дека имам мала набиеница, но беше премногу ладно за да седам на високо. Бевме заглавени половина час“, вели еден од скијачите за Телеграф.мк.

Жичницата застанала откако денеска околу 11 часот снемало струја во скијачкиот центар. Од ЕВН потврдија дека има прекин во напојувањето и дека се испратени екипи да проверат што е причината за дефектот.

Луѓето на -12 степени чекале пред билетарницата изреволтирани за да им бидат вратени парите. 

Facebook impact:

Објавено четврток, 12 јануари 2017 13:09
Напишано од Виолета




Барај